Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

July 3, 2025
1 min read

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот дискурс и во развојот на стратешките дебати поврзани со меѓународната позиција на земјата, стои во соопштението од Советот на амбасадори.

Таа беше избрана на позицијата на редовното годишо Собрание на организацијата. Покрај Наќева Ружин, за потпретседатели на амбасадорскиот совет избрани се амбасадорите Азис Положани и Зоран Јолевски. Во Извршниот одбор се избрани и амбасадорите Ѓорѓи Филипов, Мухамед Халили, Љупчо Арсовски, Нано Ружин, Елеонора Петрова-Митевска и Тихомир Илиевски, а за главен координатор е назначен амбасадорот Ивица Боцевски, соопштија од Извршниот одбор на Советот на амбасадори.

Членовите на Советот ги разгледале резултатите од своето работење по поднесувањето на Годишниот извештај од досегашниот претседател, амбасадорот Ѓорѓи Филипов, кому му била изразена благодарност за неговата посветеност и ангажман во изминатиот двегодишен мандат. Собранието оценило дека Советот на амбасадори продолжува со активна и влијателна улога во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот дискурс и во развојот на стратешките дебати поврзани со меѓународната позиција на земјата.

– Моделот на функционирање на Советот и постигнатите резултати ја потврдуваат неговата посветеност на стратешките државни интереси, без разлика на политичките или етничките разлики меѓу членовите — принцип кој може да служи како позитивен пример за слични организации во земјата и регионот, истакнува Советот на амбасадори. 

Новата претседателка на Советот на амбасадори Наќева Ружин, е експерт по јавни и корпоративни финансии и поранешна амбасадорка со над 25 години истакната кариера во Министерството за финансии, дипломатијата, академијата, меѓународните финансиски институции и корпоративниот финансиски сектор. Покрај амбасадорка во Кралството Шведска, извршувала клучни извршни и советодавни функции во земјата, меѓу кои: државен и специјален советник во Министерството за финансии и во Град Скопје, генерален директор и финансиски директор на финансиска институција национален координатор на Платформата за учење од далечина и координатор на пензиската реформа, а работела и како консултант на Европската комисија, Светската банка, Шведскиот институт и Меѓународната телекомуникациска унија. Имала водечка улога во преговарачкиот скрининг процес со ЕУ во економските области, вклучително поглавјето оданочување и областите управување со јавните финансии и економски критериуми. Била претседател на Европската бизнис асоцијација и член на управните одбори на Стопанската комора на Македонија, Претседателството на Постојаниот суд за арбитража, Советот на странски инвеститори, Фондот за осигурување на депозити и Националното биро за осигурување. До изборот за претседател, ја извршуваше функцијата генерален секретар на Советот на амбасадори.

Наќева Ружин е доктор по економски науки и магистер по јавни политики и менаџмент (Summa Cum Laude) од Универзитетот во Питсбург, САД. Предавала јавни финансии и индустриска организација на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, а била и гостин предавач на Универзитетот во Лидс, Стокхолмската бизнис школа, Универзитетот во Питсбург и Економскиот факултет во Скопје. Автор е на повеќе трудови во областа на фискалната политика, децентрализацијата и дигиталното образование, и е добитничка на повеќе признанија во Македонија и странство, вклучително и меѓународната награда на Универзитетот во Питсбург за 2016 година. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вардар ги пушти влезниците за евронатпреварот во продажба

Следно

ПОЧИНА МАЈКЛ МАДСЕН, ЅВЕЗДАТА НА „КАСАПСКИ КУЧИЊА“ И „УБИЈ ГО БИЛ“ НА ТАРАНТИНО

Latest from Blog

Општина Битола: Просторот зад СВР се трансформира во функционален јавен простор

Се уредува просторот зад зградата на СВР Битола, односно парцелата која досега претставуваше неорганизирана земјена површина. Со проектот е предвидено партерно уредување со бехатон плочки на површина од околу 800 квадратни метри.

Божиновска: Младите ја градат свесноста за богатствата на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со ученичките Марија, Јасемин и Ангела од гимназијата „Ѓорѓи Димитров“ во Скопје, кои стојат зад документарниот филм посветен на македонскиот рубин.

Македонскиот скулптор Ангел Коруновски со изложбата „Лица“ во КИЦ Белград ја афирмира македонската уметност

Македонскиот скулптор Ангел Коруновски се претстави пред белградската публика со својата најнова изложба „Лица“, која беше отворена во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Белград. Изложбата претставува значаен културен настан и уште еден пример

ВЛЕН се обединува во единствен политички субјект – почеток на нова политичка ера во Македонија

Коалицијата ВЛЕН влегува во нова фаза на политичко делување со најавата дека ќе функционира како единствен политички субјект, процес што веќе е започнат и постепено се интензивира. Според информациите, целта е да

ИЗРАЕЛ ВЕЌЕ НЕМА ДА НАПАЃА ЕНЕРГЕТСКА ИНФРАСТРУКТУРА – ако Иран му се настрви на Катар, ќе се соочи со ПЕКОЛ од САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Израел повеќе нема да извршува напади врз главните објекти за природен гас во Иран. Неговата изјава доаѓа во време на зголемени тензии и се чини дека
Go toTop