Исени: Успешно решени сите случи на бездржавјанство

July 3, 2025
1 min read

Заменикот министер за внатрешни работи Астрит Исени денеска присуствуваше на настан во организација на заменик претседателот на Владата, Арбен Фетаи во соработка со УНХЦР и Мисијата на ОБСЕ во Скопје на кој се одбележа успешното решавање на познатите случаи на бездржавјанство кои произлегоа од распадот на СФР Југославија.

Заменикот министер Исени во своето обраќање истакна дека државјанството е едно од основните човекови права и е правна основа за голем број други граѓански права и слободи, ја означува правната врска помеѓу лицето и државата, без оглед на начинот на стекнување и не го означува етничкото потекло на државјанинот и дека МВР со проактивен пристап посветено учествувало во решавањето на тој проблем.

„Согласно член 7 од Законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Северна Македонија со  кој на олеснителен начин се овозможи на државјанин на друга република на поранешната СФРЈ и државјанин на поранешна СФРЈ кои до 8 септември 1991 година, односно до времето на прогласување на независноста на Република Македонија живееле на територијата на Република Македонија да се стекнат со државјанство. Членот 7 се  применуваше од 30.07.2021 година до 08.09.2024 година и  државјанство добиле 1148 лица државјани на поранешна СФРЈ од нив 300 лица биле со статус  без државјанство. Во 2023 година донесен е Законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта и Законот за изменување и дополнување на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните со цел на ова категорија на граѓани кои ќе се стекнат со државјански статус да може на полесен начин да добијат личен документ.“, истана Исени.
Исени образложи дека  МВР за сите 300 лица кои навремено имале покренато постапка за стекнување со државјанство на Република Северна Македонија а кои биле со статус на  лица без државјанство  и живееле на територија на Република Северна Македонија  донесе позитивни  решенија за стекнување со државјанство и истите се државјани на Република Северна Македонија. Со регулирање на државјанскиот статус истите ги уживаат сите права и обврски согласно позитивните законски прописи во Република Северна Македонија.

Заменик министерот Исени на крај подвлече дека Министерството за внатрешни работи останува силен поддржувач на меѓународната заедница, посветен и одговорен партнер во глобалниот дијалог и силен и како таков-општо признаен генератор и столб на мир, стабилност и безбедност во балканскиот и европскиот регион, и пошироко.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

Следно

Шефовите на дипломатиите на Египет и Сирија разговараа за најновите политички и безбедносни случувања во Сирија

Latest from Blog

Муртезани од Тирана: Коридорот 8 – симбол на интеграција и европска поврзаност, кој ја олеснува трговијата и ја зајакнува регионалната соработка

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска учествувал на Амбасадорската конференција #Diplo2025, што се одржува во Тирана, Албанија, каде во рамки на првиот ден од Конференцијата бил говорник на панелот на тема

Дејвид Духовни елегантен на УС Опен, откри дека тајно се венчал

Синоќа, додека очите на светот беа вперени во дуелот помеѓу шпанскиот ас Карлос Алкараз и Италијанецот Јаник Синер, публиката на УС Опен беше почестена и со непланиран „бонус спектакл“: појавувањето на легендарниот

Сите се чудат: Во ресторан во познато летувалиште стигнала сметка за вечера од над 63.000 евра (ФОТО)

Сметката ја платила група од 18 гости во новоотворениот ресторан „Анабел“ во Палманова, Мајорка, а ресторанот сподели фотографија од долгата сметка на Инстаграм, која брзо стана вирална. Вечера за паметење Според извештаите,

Социјалната мобилност во Германија значително се намали, нееднаквоста во пораст

Социјалната мобилност, т.е. способноста на поединците да го променат својот социјален и економски статус во однос на своите родители, бележи значителен пад во Германија од 1970-тите години, според нова студија на Институтот
Go toTop