Вознемирувачко ВИДЕО од местото каде што загина Диого Жота: Погледнете што останало од автомобилот

July 3, 2025
1 min read

Ужасна вест ја вознемири фудбалската јавност, откако Диого Жота (28) , фудбалер на Ливерпул и репрезентативец на Португалија, загина во сообраќајна несреќа, заедно со неговиот брат Андре Силва (26).

Тие биле на одмор во Шпанија кога нивниот автомобил излетал од патот, а потоа се запалил.

Шпанските медиуми пристигнаа на местото на несреќата, каде што затекнаа вознемирувачка сцена.

Автомобилот во кој биле Жота и неговиот брат бил целосно уништен до непрепознатливост.

Очигледно, тој удрил во насипот со голема брзина, а делови од уништената ограда може да се видат на неколку метри по патот.

Автомобилот беше уништен до непрепознатливост и јасно е дека шансите за преживување во таква несреќа беа никакви.

Медицинската служба и пожарникарите брзо пристигнаа на местото на несреќата, но можеа да констатираат само смрт на двајца фудбалери.

Диого Жота ја остави зад себе сопругата Рута Кардозо, која му беше љубов уште од тинејџерските денови, со која имаше три деца. Дополнителна трагедија е што се венчаа само пред 11 дена .

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жителите на Газа, осудени од Израел на глад, се собираат околу пунктовите за малку помош

Следно

Турција најостро го отфрли повикот на израелските претставници за анексија на Западниот Брег

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop