Кривична пријава за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги

July 2, 2025
1 min read

Секторот за внатрешни работи Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против М.А. (37) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривични дела „проневера во службата“ по чл.354, ст.3, во врска со ст.1 и во врска со чл.45 и „фалсификување или уништување деловни книги“ по чл. 280 ст.2 во врска со ст.1 во врска со чл.45 од КЗ и против Ј.А. (52) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „несовесно работење во службата“ по чл.353-в ст.1 од КЗ. М.А. како службено лице, вработена во јавно претпријатие Куманово, на работно место референт/благајник, во период од 09.11.2020 до 11.11.2024 во 410 наврати, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, континуирано присвоила вкупно 8.276.434 денари кои и биле доверени во службата, така што парите кои во готовина ги примала од наплатувачи-оператори од наплатни центри на јавното претпријатие наместо сите да ги евидентира и внесува во сметководствена документација  и да ги уплати на трансакциска сметка во банка на јавното претпријатие,  истата противправно дел од парите ги присвоила и задржала за себе, а во компјутерскиот систем изготвувала документи  со преправање и менување-дуплирање на редни броеви и таквите документи, заедно со дел од дневните извештаи-спецификации за кои наменски изготвувала каса прими со дуплиран веќе постоечки број, за да не биде забележана, ги изнесувала од јавното претпријатие и ги уништувала, со што го оштетила јавното претпријатие за 8.276.434 денари.

Додека пак  Ј.А., на работно место раководител на Одделение за сметководство и финансова оператива, очигледно несовесно постапила во вршење на своите овластувања и должности на тој начин што пропуштила должен надзор и во текот на работењето не извршила контрола над работењето на М.А. ниту пак извршила усогласување на сметководствената со фактичката состојба, односно проверка и споредба на вкупните износи на пари од наплатени сметки од граѓани и износите на пари внесени на трансакциска сметка во банка на јавното претпријатие, со што и овозможила на М.А.  да се стекне со противправна имотна корист, со што придонела за настанување на финансиска штета.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повеќе од 50 воени возила ќе бидат пренаменети за гаснење шумски пожари

Следно

Европа се соочува со екстремен топлотен бран, Франција под црвен аларм

Latest from Blog

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја

Николоски: Македонија добива брза пруга на коридор 10 со возови до 200 км/ч

Македонија се подготвува за значајна модернизација на железничката инфраструктура со изградба на брза пруга на Коридорот 10, по која возовите ќе се движат со брзина до 200 километри на час, најави вицепремиерот

Скопје – Атина за пет часа: Николоски најави железничка револуција

Македонија се подготвува за значајна модернизација на железничката инфраструктура со изградба на брза пруга на Коридорот 10, по која возовите ќе се движат со брзина до 200 километри на час, најави вицепремиерот
Go toTop