Можно одложување на натпреварот Реал Мадрид-Јувентус

July 1, 2025
1 min read

Натпреварот од осминафиналето на Светското клупско првенство меѓу Реал Мадрид и Јувентус можно е да биде одложен. Според најавата на метеоролошката служба за време на натпреварот најавени се грмотевици во околината на Мајами.

Ризикот од олујно невреме е присутен за време на почетокот на натпреварот на „Хард рок“ стадионот. Според протоколот од американските спортови на отворено (НФЛ, МЛС) натпреварот се прекинува за 30 минути, ако има удар на гром во радиус од 13 киломтери.

На оваа одлука реагираат екипите од Европа.

– Ова е необично за нас од Европа, изјави бекот на Реал Мадрид Дани Карвахал.

На ова натпреварување досега се прекинати шест натпревари поради невреме или грмотевици.

Почетокот на натпреварот е закажан за 21 часот по македонско време. Покрај овој натпревар треба да се игра и последното осминафинале меѓу Борусија Дортмунд и Монтереј. Овој натпревар се игра во Атланта во 3 часот по полноќ. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче – Кос: Поддршка за откочување на македонскиот евроинтегративен пат

Следно

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop