ИХФ потврди – од денеска во сила четири нови правила на ракометната игра!

July 1, 2025
2 mins read

Ракометот отсекогаш бил замислен како брз, забавен и динамичен спорт, а неговите правила се развиваа низ децениите.

Светската ракометна федерација денеска објави за четири нови правила, односно промени во веќе постоечките правила.

Затоа, од денеска 2025 година, стапуваат на сила неколку изменети правила, со цел да се подобри ракометот за сите страни – вклучувајќи ги тренерите, играчите и, секако, навивачите.

„ИХФ е во постојана комуникација со своите главни засегнати страни за да ги ревидира правилата. Како што тимовите на сите нивоа се подобруваат и го диктираат темпото на еволуцијата на спортот, така и правилата мора да се прилагодат на тоа темпо“, велатод светската куќа на ракометот.

🟥 Удар во глава при пенал – повеќе не значи директен црвен картон

Една од главните измени, што ќе се применува од 1 јули 2025, се однесува на членовите, кои претходно предвидуваа црвен картон доколку играч го погоди голманот во главата при изведување седмерец или слободен удар по крајот на натпреварот.

Со новите измени, казната ќе биде исклучување од две минути, под следниве услови:

Кога играч во отворена ситуација го погодува голманот во глава
Кога играч го погодува голманот од седмерец, ако голманот не ја движи главата кон топката за да ја блокира
Кога при слободен удар по крајот на натпреварот, стрелец го погоди одбранбен играч во главата, ако тој не се движи кон топката
👉 Оваа промена се воведува за сите удари во глава да се санкционираат еднакво – иако интензитетот на ударите може да се разликува, ризикот од повреда е ист.

🔁 Изменето правило за изведување на почетен удар

Претходно судиите можеа да дадат сигнал за почеток ако топката и барем едното стапало на играчот биле во централниот круг.

Со новото правило:

„Судиите може да дадат сигнал за изведување на почетниот удар само ако топката и изведувачот се целосно внатре во кругот за изведување.“

👉 Оваа промена е за да се избегнат ситуации каде судијата свири за изведување, а веднаш потоа мора да досуди слободен удар поради погрешна позиција.

👟 Попрецизна дефиниција за правилото за чекори

Изменетиот член за правилото за чекори воведува појасна дефиниција:

„Дозволено е играчот да направи најмногу три чекори откако ќе ја прими топката од соиграч или ќе ја фати по одскок. Ако играч ја фати топката додека е во воздух, првото стапнување на едното или двете нозе не се смета како чекор.“

👉 Оваа промена е за да се избегнат различни толкувања и да се поедностави правилото за сите страни.

🚫 Топка надвор од терен = слободен удар

„Не е дозволено играч да ја допре топката ако дел од телото му ја допира подлогата надвор од теренот. Тоа ќе резултира со слободен удар за противничкиот тим.“

👉 Оваа промена ја елиминира можноста за различни толкувања при контакт со топката во гранични ситуации.

Овие правила веќе се применуваа на СП за младинци во Полска иако настанот беше пред рокот за промена, а така ќе биде и на следните големи натпреварувања во младинските категории ова лето.

Македонија ќе игра на ЕМОФ 2025 со машката и женската репрезентација, додека кадетките и младинките ги чека настап и на Европските првенства во Црна Гора.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелскиот премиер следната недела во Вашингтон на средба со Трамп

Следно

ЕК: Лидерите од Западниот Балкан ја потврдија решеноста за искористување на можностите на Планот за раст

Latest from Blog

СЕДМО МЕСТО ЗА МАКЕДОНИЈА НА ДЕТСКАТА ЕВРОВИЗИЈА Нела Манческа остави силен впечаток

Нашата претставничка Нела Манческа со песната „Miracle“ го донесе седмото место на 23. издание на детската Евровизија, кое вечерва се одржа во Тбилиси, Грузија. Победата ја однесе Франција со песната „Ce Monde“,

МВР го потврди апсењето на Стафа

Министерството за внатрешни работи го потврди апсењето на поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа. -Вечерва од страна на полициски службеници приведено е лицето Ф.С., потврдија за Курир од МВР. Од Министерството не откриваат

Танчер на Лејди Гага падна од сцената- пејачката веднаш го прекина настапот (ВИДЕО)

Падот на танчерот се случи за време на настапот на стадионот „Акор“ во Сиднеј, како дел од долгоочекуваната турнеја MAYHEM Ball, пишува „Дејли меил“. Гага го прекина настапот Сиднеј бил погоден од

Најтренд за празничната сезона: Кариран маникир кој ќе се вклопи во се’ што носите (ФОТО)

Влеговме во декември, што значи дека празниците се пред врата. Сè околу нас полека добива празничен изглед, вклучително и маникирот. Сепак, маникирот не мора да биде украсен со светки или типични празнични
Go toTop