Белата куќа: Трамп ќе потпише извршна наредба за укинување на санкциите за Сирија

June 30, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп ќе потпише извршна наредба денес за прекинување на програмата за санкции на Соединетите Американски Држави (САД) врз Сирија, соопшти Белата куќа, јавува Анадолу.

Во изјава за новинарите на дневниот брифинг, портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, рече дека овој потег има за цел да го поддржи „патот на Сирија кон стабилност и мир“.

„Со наредбата ќе се отстранат санкциите врз Сирија, а ќе ги задржи санкциите врз поранешниот претседател Асад, неговите соработници, злоупотребувачите на човековите права, трговците со дрога, лицата поврзани со активности за хемиско оружје, ИСИС (ДЕАШ) и нивните ограноци и проиранските групи“, додаде таа.

„Ова е повторно акција што претседателот ја вети и со која го шокираше светот во Саудиска Арабија, бидејќи е посветен на поддршката на Сирија која е стабилна, обединета и во мир во своите граници и со своите соседи“, рече таа.

Минатиот месец, Трамп на инвестицискиот форум во Ријад објави дека ќе ги укине „бруталните и осакатувачки“ санкции врз Сирија. Еден ден подоцна, тој одржа значајна средба со сирискиот претседател Ахмед ал-Шара во Саудиска Арабија – прва средба меѓу американски и сириски лидер во 25 години.

Башар ал-Асад, кој владееше со Сирија речиси четвртина век, избега во Русија на 8 декември 2024 година, означувајќи го крајот на децениското владеење на партијата Баат, кое започна во 1963 година. Ал-Шара, кој ги предводеше антирежимските сили кои го соборија Асад, беше прогласен за претседател за транзицискиот период кон крајот на јануари.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево, сообраќајот се пренасочува

Следно

Ердоган: Турција ќе биде домаќин на самитот на лидерите на НАТО 2026

Latest from Blog

Божиновска и вработените од Министерството во еколошка акција покрај Вардар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денес заедно со претставници од Министерството учествуваше во големата еколошка акција „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2026“, која се реализираше на кејот на Вардар. Во рамки
Go toTop