Јаневска: Образованието и науката го добиваат потребното внимание и стануваат клучни развојни ресуси на државата

June 29, 2025
3 mins read

Обезбедување учебници на први септември, покачување на платите на наставниците и професорите, се градат седум нови училишни објекти, 20 објекти се реконструирани, се градат и четири нови спортски сали, а темелно се обновуваат и два студентски дома во Скопје. Ова се дел од остварените резултати во првата година од мандатот на министерката за образование и наука Весна Јаневска што таа ги посочи денеска на прес-конференција во Министерството. 

Јаневска придружувана од заменик-министерот, државниот секретар и директорите на Педагошката служба, на Бирото за развој на образованието и на Државниот испитен центар, нагласи дека сите заедно ги поставиле темелите за изградба на квалитетен и конкурентен национален образовен систем, кој ќе овозможи еднаквост, ефикасност, подобро знаење и вештини и генерално задоволство кај сите чинители во воспитно – образовниот процес. 

-Недостигот на учебници беше првиот предизвик со кој се соочивме, но го надминавме и покрај краткиот рок. Ги испечативме и испорачавме веќе одобрените, а изработивме и повеќе нови учебници и наставни материјали за основно, по предмети за кои, до тогаш воопшто немаше никакво помагало. Испечативме и над 100 нови наслови во средното стручно образование. Учениците имаа и ќе имаат од што да учат и во новата учебна година, рече Јаневска, информирајќи дека во тек се постапките за набавка и печатење на учебниците што ќе се користат од септември, вклучително и оние по странски јазици кои недостигаа шест години.

Министерката се заблагодари на наставниците кои активно учествуваа во креирањето и спроведувањето на досегашните промени, посочувајќи дека грижата на државата кон нив ќе се зголемува и во иднина.

-Донесовме одлука за етапно, реално покачување на платите на наставниците во период од четири години. И веќе добија над 12 проценти. Универзитетските професори пак, од јануари годинава добија зголемување за 14 проценти, рече Јаневска.

Потсети и дека наставниците се ослободени од административни обврски за тројно внесување на идентични податоци – во електронски дневник, во свидетелства и во главните книги, така што, вели, останува повеќе време за да се посветат на суштината на образовниот процес.

Во однос на инфраструктурните инвестиции, Јаневска информира дека со 2 милијарди денари се градат седум нови училишни објекти, 20 објекти се реконструирани, се градат и четири нови спортски сали, а темелно се обновуваат и два студентски домаи во Скопје. Потенцира дека над 50 училишта ќе добијат фотоволтаици, а до крајот на годината ќе продолжи и изградбата на ФИНКИ и ФФК, но и ќе почнат да се градат кампуси за Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и за Медицинскиот факултет во Штип.

-Два процеси за кои лично многу се залагам од самиот почеток на мандатот се оптимизацијата на училишната мрежа и воведувањето на едносменска работа. И двата се одвиваат паралелно, а ќе овозможат поквалитетна настава, подолг престој на децата во училиште и поголема социјализација на учениците од рурални средини, заштеда на средства на долг рок и нивно ефективно реинвестирање, како и решавање на предизвикот со вишокот наставници, рече министерката, додавајќи дека 153 училишта годинава имаа настава во една смена, а наскоро услови ќе се создадат и во шест други.

Изрази задоволство од соработката со студентите, со кои, како што рече, заедно работиме на унапредување на младинскиот стандард и во таа насока, досега се прифатени 10-тина нивни барања за проширување на студентски права и можности.

-Науката е наш фокус, затоа што без наука нема развој на државата. Двојно го зголемивме буџетот за развој на научно – истражувачката дејност и сега изнесува 680 милиони денари. Три повици се веќе објавени за финансирање на иновативни научно – истражувачки проекти, а станавме и партнери со Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија кој ги отвори вратите на своите лаборатории за македонските научници и истражувачи. Базите со научна литература и трудови Web of science и Scopus ги направивме бесплатно достапни за сите вработени и студени на државните универзитети, додаде министерката.

Информира дека за една година Државниот просветен инспекторат и службите на МОН направиле над 2000 надзори на образовни и научни установи. Информира дека заради неактивност или непостапување по дадени насоки, затворени се 14 приватни научни институти и високостручни школи. Нагласи дека по долги години запоставеност на лекторатите по македонски јазик, се ангажирани шест лектори на исто толку во Хрватска, Словачка, Кина, Италија, Романија и Полска.

Нагласи дека во овој период надградена е и законската регулатива, донесени се пет нови закони со кои, како што рече, се овозможува ангажирање на образовни асистенти во средните училишта, обезбедена е поголема поддршка за талентирани ученици и ментори кои учествуваат на меѓународни натпревари, како и финансиска поддршка за здруженија на наставници кои организираат меѓународни олимпијади во Македонија. Посочи дека овозможено е професионално, односно кариерно насочување на учениците од основните и средните училишта. Потенцира дека формално се уредува образовниот процес на лицата кои отслужуваат казни во казнено – поправни и воспитно – поправни домови, како и образовниот процес на лицата со надмината возраст за училиште.

Јаневска очекува сите учесници во креирањето и спроведувањето на промените да продолжат да работат со исто темпо, бидејќи сосема јасно е како возвраќа негрижата од минатото – со деца последни на ПИСА тестирањата, универзитети кои ги нема на светските ранг листи и научници кои заминуваат да работат за други држави. Се заблагодари и на медиумите за следењето на работата на инстиуциите и за укажувањата со кои ја подобруваат институционалната ефикасност.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Илјадници Израелци излегоа на улиците во Тел Авив барајќи прекин на огнот и враќање на заложниците

Следно

Затвореник од Идризово крадел во Куманово за време на викенд отсуство, кај него била пронајдена и дрога

Latest from Blog

Антонели казнет за судирот со Верстапен

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, беше казнет со три места на стартната линија во Силверстоун поради судирот со Макс Верстапен денес. Италијанскиот пилот на Мерцедес го удри Макс во првиот круг

Илјадници луѓе протестираат пред Палатата на правдата во Белград

Протест се одржува доцна попладнево во Белград пред Високото јавно обвинителство (ВЈТ) поради апсење студенти. Сообраќајот е блокиран и во близина на Автокоманда, и населбите Земун и Вождовац и попречено е одвивањето

Гитенс ќе се приклучи на Челси откако е постигнат принципиелен договор со Борусија Дортмунд

Крилниот напаѓач Џејми Бејну-Гитенс ќе се приклучи на Челси откако е постигнат принципиелен договор со сегашниот клуб Борусија Дортмунд. Бундеслигашот ја потврди веста од нивниот камп во Флорида. Тој ќе им се

Тешка сообраќајна несреќа во Грција: Загинаа татко и син во судир со камион управуван од Македонец

Во сообраќајка во која учествувале камион управуван од Македонец и автомобил со четиричлено семејство од Грција, возачот на автомобилот починал на самото место, а неговиот син подоцна им подлегнал на повредите. Мајката
Go toTop