Илјадници Бугари протестираа против воведувањето на еврото во земјата

June 29, 2025
1 min read

Илјадници демонстранти се собраа вчера на централниот плоштад во Софија протестирајќи против одлуката на владата за воведување на еврото, барајќи за оваа одлука да се одлучи на референдум.

Европската унија го одобри воведувањето на еврото во Бугарија на 1 јануари.

Демонстрантите, предводени од граѓански здруженија, националистички и проруски партии познати по своето противење на воведувањето на еврото, објавија дека планираат да постават шатори на централниот плоштад и да го претворат во „Град на левот“ – по името на бугарската валута.

На плоштадот беше поставен транспарент со натпис: „Битката за бугарскиот лев е последна битка за Бугарија“.

Лидерот на проруската партија Препород, Костадин Костадинов, рече дека со воведувањето на еврото, „некој друг ќе одлучи како ќе ги трошиме парите, а бугарскиот буџет ќе биде одобрен од Европската централна банка. Тоа е државен удар, предавство“. Костадинов рече дека претставници од Германија, Литванија, Романија, Чешка, Словачка и Унгарија дошле на протестот во Софија.

Пред протестот, партијата Препород поднесе до бугарскиот Парламент предлог за недоверба на владата, обвинувајќи ја дека не ги спроведува реформите потребни за стабилизирање на јавните финансии, туку наместо тоа работи на воведување на еврото. За предлогот ќе се гласа следната недела, но се очекува дека проевропската владејачка коалиција ќе преживее.

Бугарија е членка на Европската Унија од 2007 година и сега е во последната фаза од пристапувањето кон Еврозоната. Последната институционална одлука ќе биде одобрувањето од Европскиот парламент во Стразбур и Советот за економски и финансиски прашања во Брисел на 8 јули. Европскиот совет веќе даде јасна поддршка за влезот на Бугарија во еврозоната на 1 јануари 2026 година.

Во текот на речиси две децении членство во ЕУ, Бугарија се соочи со политичка нестабилност и корупција, поттикнувајќи го евроскептицизмот кај нејзините 6,4 милиони граѓани.

Бројни тврдења на противниците на еврото сега се шират на социјалните мрежи, кои поттикнуваат страв од економски промени кои, според нивните тврдења, би можеле дополнително да ја зголемат сиромаштијата. Економистите сметаат дека приклучувањето кон Еврозоната нема да донесе значајни промени во бугарската економија на краток рок.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Десетици приведени, повредени полицајци и граѓани по протестите во Белград

Следно

Марш на ангелите: Доказите водат до одговорност на МВР, институција која требаше да се грижи за јавниот ред и мир и за безбедноста

Latest from Blog

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја

Николоски: Македонија добива брза пруга на коридор 10 со возови до 200 км/ч

Македонија се подготвува за значајна модернизација на железничката инфраструктура со изградба на брза пруга на Коридорот 10, по која возовите ќе се движат со брзина до 200 километри на час, најави вицепремиерот

Скопје – Атина за пет часа: Николоски најави железничка револуција

Македонија се подготвува за значајна модернизација на железничката инфраструктура со изградба на брза пруга на Коридорот 10, по која возовите ќе се движат со брзина до 200 километри на час, најави вицепремиерот
Go toTop