Нема да бидат во парламентот, но 82 пратеници, на кои им завршува мандатот, ќе добиваат половина плата

June 27, 2025
1 min read

Иако повеќе нема да бидат дел од новиот состав на законодавен дом, што треба да се конституира во септември, 82 пратеници, на кои им истекува мандатот, ќе продолжат да добиваат половина од месечната пратеничка плата.

Врз основа на важечкото законодавство што го регулира статусот на високите јавни службеници, тие, оваа привилегија, ќе ја користат три години.

– Оваа придобивка се базира на член 7 од Законот за дополнителни државни пензии, кој во делот за преодна исплата предвидува дека по напуштањето на функцијата, пратеникот добива две целосни месечни плати, а потоа 50% од бруто референтната плата, за сето време колку што ја извршувал функцијата, но не повеќе од три години, објави euronews.al.

Моментално, бруто месечната плата на пратеник е 310 илјади лека (3.163 евра) што значи дека секој од поранешните пратеници ќе има корист од 155 илјади лека месечно до 2028 година.

Според пресметките, 45 пратеници се од редовите на социјалистичката партија, 34 пратеници од опозицијата и тројца пратеници од Социјалдемократската партија.

– Овој финансиски третман се смета за поддршка за поранешните јавни службеници во периодот по напуштањето на функцијата, но сепак предизвика дебата во јавното мислење поради високите трошоци за државниот буџет, наведува телевизијата.

Албанскиот парламент брои 140 пратеници.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Франција без Вембањама на Евробаскетот 2025

Следно

Се зголемува семејното насилство: 391 нови жртви до март, повеќето жени и деца

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop