„Иран нема планови за средба со САД за нуклеарни разговори“, изјави шефот на иранската дипломатија

June 27, 2025
1 min read

ТЕХЕРАН/ИСТАНБУЛ (АА) – Иран не донел никаква одлука за започнување нуклеарни разговори со САД, изјави денес министерот за надворешни работи Абас Арагчи во интервјуто за иранската државна телевизија, јавува Анадолу.

Арагчи истакна дека Техеран бил вклучен во преговори со САД кога Вашингтон го поддржал израелскиот напад врз Иран, а потоа на крајот започнал свои директни воздушни напади врз иранските нуклеарни постројки.

„Во неодамнешните преговори тие се обидоа да нè намамат да се откажеме од правата на нашата нација. Кога се случија одредени настани, тие наметнаа војна и го ослободија криминалниот ционистички (израелски) режим да извршува напади“, рече тој.

Арагчи додаде дека САД ја предале дипломатијата за време на разговорите, искуство што ќе ги обликува идните одлуки на Иран за преговорите.

„Сепак, дипломатијата продолжува и јас сум во контакт со неколку министри за надворешни работи“, рече тој.

Одговарајќи на тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп за планирана средба со Иран следната недела, Арагчи ја отфрли.

„Досега нема договори за нова рунда индиректни разговори со САД. Нивните изјави се полни со противречности“, изјави тој за државната телевизија.

Дванаесетдневниот конфликт меѓу Израел и Иран избувна на 13 јуни откако Израел започна воздушни напади врз ирански воени, нуклеарни и цивилни објекти, при што се убиени најмалку 606 лица, а 5.332 се повредени, според иранското Министерство за здравство.

Техеран започна одмазднички напади со ракети и беспилотни летала врз Израел, при што се убиени најмалку 29 лица, а ранети се повеќе од 3.400, според бројките објавени од Еврејскиот универзитет во Ерусалим.

Конфликтот беше запрен со прекин на огнот под покровителство на САД, кој стапи на сила на 24 јуни.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЗНАМ со кандидат за Центар – ВМРО-ДПМНЕ немал да кандидира свој, ќе го поддржи оној на ЗНАМ

Следно

Франција без Вембањама на Евробаскетот 2025

Latest from Blog

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата,
Go toTop