Двоцифрен пораст на странски посетители, се очекува до крајот на годинава нивниот број да достигне околу 1,5 милиони

June 27, 2025
1 min read

Државата бележи двоцифрен годишен пораст во бројот на странски посетители. Најновите податоци покажуваат 21.6 проценти раст во првата половина од оваа година, во однос на истиот период од минатата година. Ако се задржи ваквиот тренд, се очекува дека бројот ќе достигне околу 1,5 милиони странски туристи до крајот на годинава, според пресметки на локалните туристички работници, соопштија денеска од Министерството за култура и туризам.

Од Министерството потенцираат дека ова би можело да донесе приходи до 500 милиони евра и важно е државата и бизнисите да инвестираат во инфраструктурата, зајакнување на туристичките капацитети, развој на одржлив туризам и рамномерен регионален развој за да го одржат темпото и да извлечат максимум корист.

-Во услови на зголемен развој на туризмот, зголемен број на институции и организации кои работат во делот на туризмот, како и зголемен туристички промет, а посебно имајќи ги во предвид меѓународните трендови за развој на одржлив туризам како и заложбите од страна на Владата на Република Македонија за развој на туризмот, се наметнува потреба од реформски мерки во насока на градење ефективен систем на туризмот и создавање поврзана функционална целина која има за задача да одговори на потребите на туристичката дејност и туризмот. За таа цел Министерството за култура и туризам презема низа реформски и организациони мерки, за што во моментов се одвива процес на преземање на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и екипирање на секторот во рамки на министерството со што Министерството за култура и туризмот станува адреса за обраќање за туристичкото стопанство, појаснуваат во соопштението.

Како што додаваат, има повеќе фактори што ја определуваат насоката на развој на туризмот.

-Основно што оваа Влада настојува да постигне е Македонија да стане вистинска туристичка земја, за што силно се залага Министерството за култура и туризам и министерот Љутков. А, тоа се постигнува со создавање услови со кои на еден гостин ќе му биде овозможено да дојде во допир со нашата култура, традиција и природна убавина. Првите четири месеци од 2025 година ја потврдуваат позитивната насока на македонскиот туризам. Динамиката за 2025 година ветува, Македонија се позиционира како атрактивна, достапна и гостопримлива дестинација на Балканот, велат од Министерството.

Оттаму појаснуваат дека последните официјални податоци за туризмот покажуваат значителен пораст на странски туристи, и тоа во месеците кои традиционално не се сметаат за туристички пик. Овој тренд ја потврдува позицијата на Македонија како дестинација која нуди уникатни туристички доживувања во текот на целата година.

Туристите од Турција и понатаму се најбројни, со учество до 42 проценти меѓу странските гости и постојан раст. Србија покажува исто така забележителен подем, односно раст од 20–30 проценти, особено во Скопје и Охрид. Раст бележат и Германија, Грција, Хрватска и Романија, кои остануваат меѓу првите десет пазари. Пазарите како Бугарија, Албанија и Словенија се стабилни, додека кај држави како Косово, САД, Италија и Холандија не се забележани значајни промени.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Роналдо официјално потпиша нов договор со Ал Наср

Следно

Масовен украински напад со дронови во Русија

Latest from Blog

НОВИ ДЕТАЛИ за системот „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Како функционира и што може да регистрира?!

Почетокот на примена на системот „Безбеден град“, на патиштата означува нов начин на сообраќајна контрола, којшто се темели на стационарни радарско-видео камери со висока техничка прецизност. Иако во јавноста фокусот беше на

Фирмата во Скопје, на уапсениот Србин за 5 тони марихуана, работела со загуби, а одгледувала канабис за медицински цели

Иван Драгниќ, еден од српските државјанин, кој беше уапсен во голема полициска акција во Србија, за пет тони марихуана, а за кои сомнежот е дека е внесена од Македонија, има фирма во

По смртта на тинејџерот бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се на обвинителството. Младиот швајцарски државјанин починал во болница во Цирих. Со неговата

До 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 февруари 2026. -Правото на субвенциониран
Go toTop