Роналдо официјално потпиша нов договор со Ал Наср

June 27, 2025
1 min read

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо (40) официјално го продолжи договорот со Ал Наср. Саудискиот клуб тоа го потврди со видео во кое португалскиот играч едноставно кажа: „Ал Наср засекогаш.“

Иако Роналдо потпиша нов договор, не се објавени никакви информации за деталите од новиот договор, освен дека ќе трае до 2027 година. Сепак, се очекува дека Роналдо за две години ќе инкасира 200 милиони евра, колку што заработуваше и со претходниот договор.

Да потсетиме, актуелниот договор на Роналдо со Ал Наср истече во понеделникот, а токму како слободен играч пристигна во Саудиска Арабија и во 2023 година.

Минатата сезона на сите натпреварувања собра 41 настап. Постигна 35 голови и додаде четири асистенции. За репрезентацијата на Португалија од дебито во 2003 година има 221 настап, а и денес е капитен на селекцијата за која има постигнато 138 голови.

Тековната пазарна вредност му се проценува на 12 милиони евра.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија гo продолжи мандатoт на мисијата КФОР

Следно

Двоцифрен пораст на странски посетители, се очекува до крајот на годинава нивниот број да достигне околу 1,5 милиони

Latest from Blog

Николоски: Од март „Флајдубаи“ директно ќе лета од Дубаи до Скопје

Од март 2027 година ќе биде воспоставена директна авиолинија меѓу Дубаи и Скопје, а паралелно се водат разговори за директно поврзување на Охрид со еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати, соопшти

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop