ПОЧИНА СЛАВНИОТ КОМПОЗИТОР НА ФИЛМСКА МУЗИКА ЛАЛО ШИФРИН, АВТОР НА ТЕМАТА ОД „НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА“

June 27, 2025
1 min read

Аргентинско-американскиот композитор Лало Шифрин, кој се прослави како автор на филмска музика, вклучувајќи ја темата од „Невозможна мисија“, почина на 93 години. Шифрин доби четири награди Греми и шест пати беше номиниран за Оскар, пред да му биде доделена почесна статуетка во 2019.

Секој филм има своја сопствена личност. Нема правила во пишувањето филмска музика. Филмот диктира каква ќе биде музиката“, кажа Шифрин во интервју од 2018.

Тој ја напиша и музиката за шоуто на финалето на Светското фудбалско првенство во 1990 во Италија, кога првпат заедно пееја тенорите Лучано Павароти, Пласидо Доминго и Хосе Карерас.

Роден во еврејско семејство во Буенос Аирес, Шифрин беше и џез пијанист и диригент на класична музика и оствари исклучителна музичка кариера, при што работел и со џез великаните Дизи Гилеспи, Сара Вон, Ела Фицџералд и Каунт Бејзи.

За филм и телевизија напиша повеќе од 100 композиции, како „Валканиот Хари“, „Ладнокрвниот Лук“ и „Амитивилски ужас“, но остана најпознат по темата од серијата „Невозможна мисија“, што се емитуваше од 1966 до 1973, која потоа беше искористена и за филмскиот серијал со Том Круз.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Втора шанса за запишување во средно со повеќе од 16 000 слободни места

Следно

Министерството воведе забрана за шуми – заштита од пожари до крајот на август

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop