Нетанјаху: Победата над Иран носи нови можности за мир

June 27, 2025
1 min read

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека исходот од војната со Иран отвори можности за мир што Израел не смее да ги пропушти.

– Оваа победа нуди шанса за драматично проширување на мировните договори. Работиме на ова со ентусијазам, рече Нетанјаху. – Покрај ослободувањето на заложниците и уништувањето на Хамас, постои можност што не смее да се пропушти. Не можеме да изгубиме ниту еден ден, истакна тој.

Според весникот „Израел Хајом“, повикувајќи се на неименуван извор, Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор оваа недела се договориле за брзо запирање на војната во Газа, можеби во рок од две недели. Весникот наведува дека договорот може да вклучува проширување на „Абрахамските спогодби“ со соседите на Израел, вклучително Саудиска Арабија и Сирија.

Канцеларијата на Нетанјаху одби да ги коментира овие тврдења.

Примирјето меѓу Израел и Иран, објавено од Трамп, разбуди надежи кај Палестинците за крај на војната во Газа, која трае повеќе од 20 месеци. Во неделата, Нетанјаху изјави дека со ослабувањето на Иран очекува повеќе земји да се приклучат на „Абрахамските спогодби“. „Ја скршивме оската“, рече тој пред медиумите. „Ова е огромна промена, а статусот на Израел се зголемува, не само на Блискиот Исток, туку и во светот. Ова е поместување на тектонски плочи.“
Нетанјаху изрази надеж за „ново светло на иднината – на безбедност, просперитет, надеж и мир“.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стан изгоре во пожар во Делчево

Следно

Втора шанса за запишување во средно со повеќе од 16 000 слободни места

Latest from Blog

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја

Николоски: Македонија добива брза пруга на коридор 10 со возови до 200 км/ч

Македонија се подготвува за значајна модернизација на железничката инфраструктура со изградба на брза пруга на Коридорот 10, по која возовите ќе се движат со брзина до 200 километри на час, најави вицепремиерот

Скопје – Атина за пет часа: Николоски најави железничка револуција

Македонија се подготвува за значајна модернизација на железничката инфраструктура со изградба на брза пруга на Коридорот 10, по која возовите ќе се движат со брзина до 200 километри на час, најави вицепремиерот
Go toTop