Анчелоти: Нејмар е исклучително важен за нас, тој мора добро да се подготви за Светското првенство

June 26, 2025
1 min read

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, изјави дека Нејмар е исклучително важен за неговиот тим и му порача добро да се подготви за Светското првенство во 2026 година.

Нејмар го мачат повреди во последните две години.

-Тој мора добро да се подготви и има доволно време за тоа, рече Анчелоти во интервју објавено од Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) на своите официјални профили на социјалните мрежи.

Нејмар (33) го продолжи договорот со Сантош до крајот на годината во вторникот, продолжувајќи го својот втор мандат во клубот каде што започна и во кој се врати на крајот на јануари.

-Тој е играч кој е исклучително важен за нас пред Светското првенство, додаде тренерот.

Нејмар одигра само 12 натпревари во последните пет месеци во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и обезбедувајќи три асистенции во државното првенство на Сао Паоло.

Тој се повлече во март поради нова повреда на бутот. Најдобриот стрелец на сите времиња во Бразил со 79 гола (два повеќе од Пеле) исто така отсуствуваше од првиот тим на Анчелоти на крајот на мај.

Сепак, дури и без Нејмар, „кариоките“ обезбедија место на Светското првенство со нерешен резултат во Еквадор (0-0) и победа над Парагвај (1-0).  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стотици Израелци протестираа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

Следно

Карлос Саинц ја повлече кандидатурата за претседател на ФИА

Latest from Blog

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски
Go toTop