Карлос Саинц ја повлече кандидатурата за претседател на ФИА

June 27, 2025
1 min read

Шансите на Мохамед Бен Сулајем да биде реизбран за претседател на Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) се зголемија, откако вчера Шпанецот Карлос Саинц постариот (63) ја повлече својата кандидатура за челното место во ФИА.

„Со оваа порака, јавно потврдувам дека конечно решив да не се кандидирам за претседател на ФИА на овогодинешните избори“, објави Саинц на социјалната мрежа Икс.

„Работев напорно во текот на изминатите месеци за детално да ја разберам ситуацијата во ФИА и барањата и сложеноста што доаѓаат со еден толку важен проект. Откако темелно размислив, дојдов до заклучок дека сегашните околности не се идеални за поставување темели за мојата кандидатура“, додаде поранешниот двократен светски шампион во рели, четирикратен победник на Дакар и татко на истоимениот возач на Вилијамс во Формула 1.

Во моментов нема друг кандидат освен Бен Сулајем, кој ја води ФИА од декември 2021 година, кога го наследи Жан Тод.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анчелоти: Нејмар е исклучително важен за нас, тој мора добро да се подготви за Светското првенство

Следно

Преку ден 40 степени, попладне невреме со дожд, ветер, грмежи и град

Latest from Blog

Божиновска и вработените од Министерството во еколошка акција покрај Вардар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денес заедно со претставници од Министерството учествуваше во големата еколошка акција „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2026“, која се реализираше на кејот на Вардар. Во рамки
Go toTop