Угледен адвокат од САД обвинет за убиство на сопругата и синот – сакал да прикрие финансиски злоупотреби

March 3, 2023
1 min read

Мардо е потомок на влијателно семејство правници од областа Чарлстон. Обвинителите тврдеа дека ги убил сопругата и синот за да прикрие финансиски злоупотреби, вклучително и проневера на милиони долари од партнери и клиенти за да ја финансира својата зависност од опојни средства и скап живот

Поротата во Јужна Каролина (САД) вчера го прогласи поранешниот угледен адвокат Ричард А. Мардо за виновен за убиството на својата сопруга и синот по шестнеделните сослушувања што го привлекоа вниманието на јавноста ширум земјата.

По тричасовно заседавање, 12-члената порота го прогласи Мардо (54) за виновен за убиство на Меги (52) и Пол (22), кои биле застрелани близу семејниот имот на 7 јуни 2021 година. Мардо се соочува со најмалку 30 години затвор до доживотна затворска казна.

Мардо е потомок на влијателно семејство правници од областа Чарлстон. Обвинителите тврдеа дека ги убил сопругата и синот за да прикрие финансиски злоупотреби, вклучително и проневера на милиони долари од партнери и клиенти за да ја финансира својата зависност од опојни средства и скап живот. Иако се изјасни невин за убиствата, тој призна дека лажел за своето алиби, што го наруши неговиот кредибилитет кај поротата.

Тоа беше меѓу најсилните докази против него. Мардо го смени сведочењето откако поротата слушна аудиоснимка како доказ дека тој бил на местото на злосторството неколку минути пред да бидат извршени убиствата.

Како што течеше судскиот процес за ова убиство, така се множеа и нови истраги за други смртни случаи поврзани со него. Глорија Сатерфилд, била нивна долгогодишна куќна помошничка, сѐ до нејзината смрт во 2018 година. Првично се мислело дека причината е несреќен пад на скали од домот на Мардо, но финансиски зделки на Мардо придонесоа за сомнеж за поинакви објаснувања.

По смртта на Сатерфилд, адвокатот обезбедил осигурување во име на нејзините синови од над четири милиони долари, но парите завршиле кај него.

Се покрена и истрага за смртта на Стивен Смит (19), кој бил пронајден мртов на патот недалеку од домот на Мардо. Тинејџерот бил соученик на најстариот син на Мардо, Бастер.

Тоа значи, покрај гонењето за убиство, јавниот обвинител на Јужна Каролина поднел 99 други обвиненија против Мардо за финансиски злосторства што се случиле во распон од неколку години. Тој е обвинет и за измама на повеќе клиенти за сума од над осум милиони долари.

На Нетфликс минатата недела беше објавен и документарен филм за случајот Мардо. Документарниот филм „Убиствата на Мардо: Скандал на југот“ (Murdaugh Murders: A Southern Scandal) беше еден од најгледаните филмови на Нетфликс во САД.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Акција за одржување на атмосферската канализација во Скопје

Следно

Oтворање на спортска сала во Стајковци

Latest from Blog

„Човечкото тело е создадено да трае најмалку 140 години, само треба да се храните вака“: Тврди познатиот доктор

Човечкото тело е создадено да трае најмалку 140 години – тврди еден од лекарите со најдолг животен век. Овој необичен настан се случил кога Фјодор Ковал имал 96 години. „74-годишен пациент дојде

АНЃЕЛКОСКИ: 34 години не сме мрднале. Како да не…

Минатонеделната колумна „Амар си удри шамар“ повторно на нож ја дочекаа читачите на наслови, кои од друга литература, читаат само упатство за користење влажни марамчиња, ако го заборавиле мобилниот таму каде што

Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 10 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.
Go toTop