Чупиќ нов тренер на Вардар

June 20, 2025
1 min read

Прославениот хрватски ракометар Иван Чупиќ денеска е промовиран во нов тренер на Вардар 1961 со кој освои две европски шампионски титули во текот на својата кариера.

Чупиќ (39) ја заврши кариера лани и веднаш се посвети на тренерската работа, преземајќи го раководството на клубот од неговиот роден град Метковиќ.

На клупата на Вардар 1961 седна на местото на Аргентинецот Гиљермо Милано, кој доби отказ по поразот на скопскиот клуб од Еурофарм Пелистер на домашен терен во решавачкиот натпревар за титулата во македонското ракометно првенство.

На презентацијата во Скопје, Чупиќ се заблагодари на екипата на Метковиќ што му дозволи да се врати во редовите на Вардар 1961.

„За мене, Вардар е втор дом. Сите многу добро знаете што ми значи тоа. Вардар е голем клуб, Вардар е поголем од сите нас поединечно. Од првиот момент тргнавме професионално и верувам дека по пауза од три години ќе ја вратиме шампионската титула таму каде што ѝ е местото“, рече Чупиќ.

Хрватскиот ракометар го носеше дресот на Вардар 1961 од 2016 до 2021 година, а во 2017 и 2019 година ја освои Лигата на шампиони со клубот од Скопје.

Со хрватската репрезентација Чупиќ освои седум медали од големи натпреварувања – бронза од Олимписките игри во Лондон 2012 година, сребро и бронза од Светското првенство и два сребрени и бронзени медали од Европското првенство.

Соработник на Чупиќ во Вардар ќе биде Марио Келентриќ, поранешен голман на хрватската репрезентација, кој ќе биде тренер на голманите.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Конечната пресуда за двојното убиство на Вања и Панче на 25 јуни

Следно

Дисциплинската комисија на ЈОРСМ утврдила крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје и ќе бара негово разрешување

Latest from Blog

Училиштата во САД воведуваат дронови со бибер спреј : Нема да им избегате

Системот вклучува дроновите да бидат во постојана готовност и да се активираат по потреба, пишува Futurism. Производителот Mithril Defense вели дека неговите дронови можат да достигнат брзина до 100 километри на час

Муцунски: Немаме план Б за ЕУ, но не прифаќаме решение по секоја цена

Министерот за надворешни работи ја обвини претходната власт за создавање хаос преку прифаќање непромислени обврски и убедување на Софија дека обични записници се правно обврзувачки документи. Надминувањето на билатералниот проблем е клучниот

Скандал што се криеше: СКОРО 800.000 ПАРЧИЊА ОРУЖЈЕ УКРАИНЦИТЕ ПРОДАЛЕ НА МАФИЈАТА

Италијанскиот весник „Il Fatto Quotidiano“ објави дека од 2022 година, околу 780.000 парчиња оружје исчезнале или биле украдени од испораките на Европската Унија за Украина. Според изданието, само во првите пет месеци
Go toTop