Состојбата на повредените од „Пулс“ непроменета – една пациентка во тешка состојба

June 19, 2025
1 min read

Попладнево на прес-конференцијата во Владата, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски информираше дека состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета, петмина повредени се во странство, а петмина се во Скопје.

Клековски додаде дека една пациентка е сè уште во тешка состојба.

– Мислам дека деновиве се направи проценка за позначително пресадување на кожа кај таа пациентка. Инаку, таму проблемот е инфективен и се третира на најдобар можен начин со најдобрите можни антибиотици во моментот, потенцираше Клековски.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна рано наутро на 16 март, зеде 62 жртви, а околу 200 лица се здобија со повреди и беа пренесени на лекување во болниците низ земјава и странство. 

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Граничен полицаец обвинет: дал престој на ризични странци и ја загрозил безбедноста

Следно

Паника во израелска болница неколку моменти по иранските ракетни напади

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop