Сиљановска-Давкова порача од Тирана: Интеграцијата на регионот е неодложен геополитички и безбедносен императив за ЕУ

June 16, 2025
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Тирана и посочи дека во услови на драматични геополитички промени, со сè помалку мултилатерализам и сè повеќе мултиполарност, со војна на тлото на Европа – интеграцијата е неодложен геополитички и безбедносен императив за Европската Унија.

Таа нагласи дека е особено важна одговорноста на земјите членки од регионот коишто треба да бидат двигатели на проширувањето, а не извор на блокади што го поткопуваат кредибилитетот на Унијата.

Укажувајќи дека треба да се унапреди регионалната соработка и да се фокусираме на клучните проблеми – од одливот на мозоци до климатските промени, претседателката рече дека регионот мора проактивно да се поддржува за да не бидеме сведени на геополитичка и геоекономска периферија.

Сиљановска-Давкова додаде дека ни треба подобрена инфраструктурна, енергетска и дигитална поврзаност со цел регионот да биде поконкурентен на поширокиот европски и глобален пазар.

Упатувајќи благодарност за регионалната солидарност изразена преку несебичната нега на повредените во трагичниот пожар во Кочани, таа истакна дека со отворањето на здравствените установи за повредените македонски граѓани, како и со активирањето на европскиот механизам за цивилна заштита, се манифестираше искрено пријателство, соседска грижа и хуманост во еден од најтрагичните современи настани за државава.

Таа посочи дека патот на европската иднина води преку соработката и солидарноста, но истакна дека тој пат не е без пречки: сериозна препрека произлегува од старите предрасуди во некои европски центри кои сè уште гледаат на Балканот како на нестабилна периферија, составена од држави заглавени во конфликти, самоблокади и меѓусебни саботажи.

Истакнувајќи дека уште посериозна препрека е билатерализацијата на интегративниот процес од самите балкански соседи, преку злоупотреба на правото на вето, идентитетски условувања и историски ревизионизам, таа оцени: овие постапки не само што го забавуваат процесот на евроинтеграцијата, туку и ги засилуваат стереотипите дека Балканот не е подготвен за Европа.

Нагласувајќи дека кандидатите за членство, наместо солидарност и фер процес, сѐ почесто се соочуваат со опструкции поради билатерални прашања, претседателката оцени дека наместо европеизација на Балканот – сведоци сме на опасен тренд на балканизација на Европската Унија и истакна дека ова мора да се смени и тоа за доброто на сите.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вработувања во контролата на летање – по еден советник за секој директор – синдикатот револтиран

Следно

Ѓорческа ги мина квалификациите на турнирот во Загреб

Latest from Blog

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал
Go toTop