Лансираните ракети од Иран кон Израел снимени од прозорец на патнички авион

June 16, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – На социјалните мрежи се појави видеоснимка за која се тврди дека е направена од патнички лет на националната авиокомпанија на Обединетите Арапски Емирати „Емирати“, на која се гледаат лансираните ракети од Иран кон територијата на Израел, снимен од прозорец на авион, јавува Анадолу.

Снимката е направена во екот на сериозната ескалација на регионалните тензии што започнаа во петокот, кога Израел изврши координирани воздушни напади врз повеќе цели низ Иран, вклучително и воени и нуклеарни објекти.

Иран одговори со одмазднички ракетни напади кон израелска територија.

Според израелските власти, од петокот досега во иранските напади загинале најмалку 24 лица, а стотици се повредени.

Иран, пак, информираше дека во израелските воздушни напади животот го загубиле најмалку 224 лица, а повеќе од 1.000 се ранети.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Онлајн аплицирање за средно училиште – поради преоптоварување веб-страницата е често блокирана

Следно

Милијана Рељиќ се поблиску до Олимписките игри во Лос Анџелес

Latest from Blog

Најбараниот меч на Мундијалот: Пет милиони барања за билети пристигнаа во само 24 часа

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Колумбија и Португалија ќе го играат последното коло од Групата К на Светското првенство во Мајами во недела навечер, од 1:30 часот по македонско време. Тоа ќе биде дуел за првото

Андоновски: Државата бележи историски раст во дигиталните услуги

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски соопшти дека во изминатите две години е постигнат значителен напредок во дигитализацијата на јавните услуги, при што, како што рече, државата бележи силен раст во користењето

Нова ескалација по американскиот напад: Танкер е погоден со проектил во Ормутскиот теснец

Според официјалното соопштение, нападнатиот брод претрпел штета на командниот мост. За среќа, сите членови на екипажот се неповредени и во моментов се безбедни, а UKMTO додава дека не е регистрирано загадување на

Утре во Скопје ќе се прска против комарци

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се изврши утре во раните утрински часови на скопската територија, информираа од Град Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе
Go toTop