Фуксе Берлин по историско финале, Барса по доминација!

June 14, 2025
1 min read

Во Келн и познатата „Ланксес Арена“ стартува битката за титулата во Лигата на шампиони. Бранител на титулата е Барселона со рекорден број на пехари. Од останатите три учесници само Магдебург го има подигнато трофејот, додека Фуксе Берлин и Нант се немаат закитено со посакуваниот пехар.

Во првото полуфинале (15 часот) силите ќе ги одмерат Фуксе Берлин и Нант. Германскиот тим само еднаш има стигнато до Ф4, во 2012 година, додека пак за Нант ова ќе биде трето учество, во 2018 година со Кирил Лазаров во составот стигна до финалето. Фуксе Берлин има дел од магијата на Вардар, на голот е Дејан Милосављев, го има и Мијајло Марсениќ, и секако еден од најдобрите ракометари на денешницата на Гидсел.

Второто полуфинале ќе биде реприза од истата фаза во 2023 година, кога Магдебург ја победи Барса на патот до титулата. Оттогаш, Барса повторно го освои трофејот, како што направија рекордни 12 пати.

Останува да видиме дали оваа сезона во Лигата на шампиони ќе биде крунисана со нов првак или пак Барселона ќе остане на врвот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку 15 Палестинци се убиени во израелски напад насочен кон цивили кои чекаат хуманитарна помош во Газа

Следно

Иран почна петти бран воздушни напади врз Израел, најави удари и на американските бази на Блискиот исток

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop