Приведен тетовец – фрлил дрога низ прозор и се однесувал агресивно кон полицијата!

June 14, 2025
1 min read

На 13.06.2025 година 23,30 часот на крстосницата на улиците .„Љуботенска“ и „Киро Ристовски Дрнц“ полициски службеници од Полициската станица Тетово со средства за присилба го лишиле од слобода Р.К. (37) од село Порој, а по претходно добиени оперативни сознанија за недозволена трговија со дрога.

Имено Р.К. управувајќи патничко моторно возило „БМВ“ на даден знак стоп не го сопрел возилото со зголемена брзина се дал во бегство и од прозорот фрлил кесички со бела прашкаста материја.

Во тој момент полицискиот службеник од службен пиштол испукал два предупредувачки куршуми во воздух, и Р.К. го сопрел возилото но започнал агресивно да се однесува кон полициските службеници, при што биле употребени средства за присилба лисици.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово, а по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Има ли кој да го чуе училишното ѕвонче?

Следно

Најмалку 15 Палестинци се убиени во израелски напад насочен кон цивили кои чекаат хуманитарна помош во Газа

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop