Ливерпул се вклучува и во трката за Виктор Осимен

June 13, 2025
1 min read

Aнглискиот шампион Ливерпул ќе биде еден од најактивните клубови на трансфер пазарот летово. „Црвените“ веќе го обезбедија потписот на десниот бек Џереми Фримпонг и се блиску до договор со германскиот репрезентативец Флоријан Вирц.

За холандскиот репрезентативец Ливерпул плати 35 милиони фунти, додека за Вирц се очекува да го срушат трансферниот рекорд во Англија со сума од речиси 130 милиони фунти.

И покрај овие големи зделки, тимот на Арне Слот не планира да застане со засилувањата. Според последните информации од Англија, скаутите на Ливерпул внимателно ја следат ситуацијата околу голгетерот на Наполи, Виктор Осимен.

Напаѓачот, кој минатата сезона беше на позајмица во Галатасарај, веќе одби понуда од милиони за трансфер во Саудиска Арабија, обидувајќи се да обезбеди трансфер во Европа. Се тврди дека турскиот гигант е подготвен да понуди 75 милиони евра за услугите на Осимен.

Од друга страна, фудбалерот посакува трансфер во Премиер – лигата. Пред некое време се зборуваше дека тој е цел на Манчестер Јунајтед, а според нови информации, во трката за неговиот потпис би можел да се вклучи и Ливерпул. Се претпоставува дека понуда од 90 милиони евра би била доволна за Осимен да пристигне на „Енфилд“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Иран го нападнаа вкупно 200 ирански авиони со 330 парчиња муниција

Следно

Турција најостро ги осудува нападите на Израел врз Иран

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop