Децата во Појасот Газа се принудени на тешка физичка работа во услови на тековниот конфликт

June 12, 2025
1 min read

ХАН ЈУНИС (АА) – Децата во Појасот Газа преземаат одговорности за возрасни, со цел издршка на своите семејства, додека израелските напади продолжуваат дваесетти месец по ред, а условите за живот се влошуваат, јавува Анадолу.

По повод Светскиот ден против детскиот труд, кој беше одбележан вчера, многу деца беа видени како работат на пазарите и улиците наместо да одат на училиште или да си играат.

Ова се случува во услови на тековниот конфликт и заострената блокада по воената кампања на Израел, која започна на 7 октомври 2023 година.

Со границите кои во голема мера се затворени и ограничената помош, семејствата се соочуваат со ограничени опции за преживување, со што децата се принудени да извршуваат физички тешки задачи кои не се соодветни за нивната возраст.

УНИЦЕФ на 16 март предупреди дека децата во Газа се соочуваат со „екстремно вознемирувачки“ услови, живеат во постојан страв и вознемиреност и немаат пристап до хуманитарна помош и заштита.

Во Хан Јунис, децата биле забележани како мелат наут за фалафел, влечат колички и продаваат овошје и грицки во близина на засолниште за раселени лица за да помогнат во обезбедувањето храна за своите домаќинства.

Најмалку 55.207 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти Министерството за здравство денес.

Израелската Армија продолжи со нападите врз Појасот Газа на 18 март и оттогаш уби 4.924 луѓе, а повреди 15.780 други, со што го прекрши договорот за прекин на огнот и размена на затвореници што стапи на сила во јануари.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант поради воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кривична пријава против полициски службеник од скопско Зелениково за безобѕирно управување со моторно возило

Следно

Кривична за членови на ФК Влазрими кои нападнаа фудбалски судија

Latest from Blog

Дали на повидок е најголемата сензација во историјата?! Аргентина и З.Острови ќе играат продолженија!(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/fifaworldcup/ Аргентина – З.Острови 1:1 по регуларниот дел од мечот од 1/16 финалето кој се игра во Мајами. Па така овој натпревар оди во продолженија 2Х15 минути. Дали на повидок е најголемата

Кој се кладел на 400.000 долари ДЕКА ПУТИН ЌЕ ЗАМИНЕ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА

Анонимен корисник инвестирал околу 400.000 долари на платформата за крипто обложување Polymarket, предвидувајќи дека Владимир Путин нема да биде претседател на Русија на крајот од 2026 година! Мистериозниот облог привлече големо внимание

Во СДСМ ќе се дискутира за тоа што барала Славјанка Петровска на настан на „нова демократска платформа“

Органите и телата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) идната недела ќе дискутираат за учеството на пратеничката од партијата и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска на настанот под името „Разговори за

Оливер Гласнер три години на клупата на Нотингем Форест

Оливер Гласнер од денеска е нов тренер на Нотингем Форест. Според информацијата на инсајдерот Фабрицио Романо, Австриецот потпишал тригодишен договор. 51-годишниот Гласнер ќе го замени Витор Переира на позицијата главен тренер, чие
Go toTop