Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, додели 56 стипендии за најуспешните ученици од општинските основни училишта (ФОТО)

June 12, 2025
1 min read

Во свечена атмосфера и под мотото „Ние ја поседуваме најголемата моќ“, Општина Бутел, предводена од градоначалникот Дарко Костовски, ја продолжи традицијата на поддршка на истакнатите ученици преку доделување на финансиски стипендии.

На организираниот настан беа доделени вкупно 56 парични ваучери за најдобрите ученици од општинските основни училишта, на трите наставни јазици – македонски, албански и турски.

11 ученици прогласени за првенци на генерацијата добија ваучери во вредност од 12.000 денари, додека учениците од 5. до 8. одделение добија по 6.000 денари, како знак на признание за нивниот постигнат успех.

Градоначалникот Костовски истакна дека Општина Бутел ќе продолжи максимално да вложува во образованието и да ги поддржува младите.

„Учениците се нашата гордост. Наша должност е да го вреднуваме нивниот труд и посветеност,“ напиша Костовски.

За родителите и учениците, оваа активност претставува конкретен доказ за посветеноста на општината во создавање на подобри услови за едукација и поттикнување на нови таленти во општина Бутел.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ова беше извинување – во колоквијална смисла. Во реалноста, тоа беше прикривање

Следно

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ поддржува една изборна единица

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop