Градоначалникот на Росоман поднесувањето на кривична го оценува како политички притисок 

June 11, 2025
1 min read

Градоначалникот на Росоман Стојан Николов, денес на прес конференција во Општината, поднесувањето на кривична пријава против него од страна на Финансиската полиција го оцени како политички притисок. Тој целосно ги отфрли сите наводи во кривичната пријава од финансовата полиција, оценувајќи ги како политички притисок пред избори. 

„Во однос на тоа дека сум фалсификувал документи и тоа целосно го демантирам, ниту досега, ниту отсега ќе го правам тоа. Општина Росоман ја раководам одговорно и чесно во изминативе години, така ќе се продолжи во периодот што следи. Во однос на вторите наводи каде што сум обвинет за злоупотреба на службената полжба и стекнување на противправна имотна корист, односно за репрезентации, прехранбени продукти и горива и тука целосно демантирам.  Затоа што, знаете дека сите овие ставки се предвидувааат со  буџетот, се менуваат со ребаланс,  се усвојуваат  со завршна сметка. Исто така целосно демантирам дека сум користел вакви средства за да купувам прехранбени продукти, пијалоци за потреби што не се на општината. Сите овие ставки се искористени за потребите на општина Росоман, Советот на општината но и за манифестациите што ги организира општината, социјални пакети и друго. Сето ова, доколку обвинителството цени, ќе го докажам со докази и документи доколку е потребно“, истакна тој. 

Притоа рече дека очекува јавното обвинителство да ја отфрли оваа пријава, нахласувајќи дека негов интерес се само граѓаните и нивните потреби и доброто на општина Росоман.

„Општина Росоман во изминативе четри години под мое водство заедно со општинска администрација, заедно со Советот, можам да кажам дека од рурална општина прерасна во урбана општина, рамо до рамо со поголеми општини. Кривичната пријава од страна на финасовата  полиција е само еден мал сегмент од притисокот што се прави врз мене и општина Росоман. Замислете пред две недели за документи што се земаат по службена должност по пат на допис, во општина Росоман упаднаа припадници на МВР, небаре овде има криминална група. Исто така  не ни дадоа и согласности за отварање на новиот дел на градинката“, нагласи Николов. 

Управата за финансова полиција вчера до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.Н. во својство на градоначалник на Општина Росоман, за фалсификување исправа. 

Според соопштението, тој  свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, ги надминал предвидените износи во Буџетот на општина за трошоци за репрезентација донесени од страна на Совет на општина Росоман, ги надминал и ненаменски искористил дел од предвидените износи во Буџетот на општина за трошоци за горива и масла,  отпишувајќи и овозможувајќи од сметката на општина Росоман да се исплатат парични средства за нафтени деривати за возила кои не се во сопственост на Општината, ги надминал и ненаменски искористил дел од предвидените износи во буџетот на Општината за трошоци за прехранбени производи и пијалаци.

Пријавениот, според пријават од Финансова, причинил штета на буџетот на општина Росоман во вкупен износ од 2.876.329 денари, со што го сторил кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тухел сака да ја предводи Англија и на ЕВРО 2028

Следно

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ФРОНТМЕН НА „БИЧ БОЈС“ БРАЈАН ВИЛСОН

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop