Бројот на убиени Палестинци во Газа надмина 55.100

June 11, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 55.104 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел од октомври 2023 година досега, соопшти Министерството за здравство денес, јавува Анадолу.

Во соопштението на Министерството за здравство на палестинската енклава се вели дека во последните 24 часа во болниците биле донесени 123 тела, а 474 лица биле повредени, со што вкупниот број повредени во израелските напади достигна 127.394.

„Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се вели во соопштението.

Израелската армија ненадејно ја продолжи воздушната кампања во Појасот Газа на 18 март, при што се убиени 4.821 луѓе, а повредени се над 15.535 и покрај договорот за прекин на огнот и размена на затвореници од јануари.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант поради воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Телефонски разговор на министерот Муцунски со бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев

Следно

Подводни ливади од морска трева: „Белите дробови“ на Медитеранот

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop