Николоски: Формирано Координативно тело кое ќе ја следи реализацијата на Договорот со Велика Британија

June 11, 2025
1 min read

Владата на вчерашната седница ги отпочнала првите чекори за реализација на Договорот со Велика Британија и веќе е формирано Координативно тело кое ќе ја следи реализацијата на Договорот помеѓу Македонија и Велика Британија, информираше заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Како што се наведува во соопштението денеска од Министерството за транспорт, покрај вицепремиерот Николоски, членови на координативното тело се и министрите за надворешни работи и надворешна трговија, за енергетика, минерални суровини и рударство, за дигитална трансформација и за здравство, како и директорот на Македонски железници-Инфраструктура, генералниот секретар на Владата и државниот првобранител, а телото може да кани и други гости по потреба, кои ќе ја следат реализацијата на Договорот помеѓу Македонија и Велика Британија. 

Министерот Николоски додава дека на вчерашната владина седница е направен и првиот чекор, за отпочнување на проектот за изградба на брза пруга на Коридорот 10, од границата со Грција до границата со Србија.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Киселова го победи Rадев: Уставниот суд пресуди контра евро-референдумот на бугарскиот претседател

Следно

Телефонски разговор на министерот Муцунски со бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop