Градоначалничката на Лос Анџелес прогласи полициски час во центарот на градот поради протестите за имигрантите

June 11, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (AA) – Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, синоќа прогласи полициски час во центарот на градот во обид да спречи уште една ноќ на судири меѓу демонстрантите кои се противат на имиграциските рации на претседателот Доналд Трамп и безбедносните сили, јавува Анадолу.

„Прогласив полициски час што започнува вечерва во 20 часот за центарот на Лос Анџелес, со цел да се спречат злоупотребите од страна на лица кои ја користат хаотичната ескалација предизвикана од претседателот​​​​​​​. Ако не живеете или работите во централниот дел, избегнувајте ја областа“, напиша Бас на социјалната мрежа X.

„Полицијата ќе ги приведе сите кои ќе го прекршат полицискиот час и тие ќе бидат кривично гонети.“

„Полицискиот час ќе трае до 6 часот наутро по локално време в среда, а ќе биде на сила неколку дена“, соопшти Бас на посебна прес-конференција.

Претходно Трамп вети дека ќе го „ослободи“ вториот по големина американски град, говорејќи пред војниците во базата Форт Браг, Северна Каролина.

Тој ги нарече протестите предизвикани од неговата масовна депортациска кампања „целосен напад врз мирот, јавниот ред и националниот суверенитет, извршен од страна на бунтовници кои носеа странски знамиња, а кои сакаат да продолжат со странската инвазија на нашата земја“.

Трамп исто така изјави дека гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, и градоначалничката Бас се „некомпетентни и дека платиле на поттикнувачи и бунтовници. Тие се дел од намерен обид да се поништат федералните закони и да се дозволи окупација на градот од страна на криминални натрапници“.

Кога новинарите го прашаа за овие обвинувања, Трамп се обиде да ги повлече изјавите, велејќи: „Не реков дека гувернерот или градоначалничката ги плаќаат. Реков дека некој мислам дека ги плаќа. А ако не ги плаќаат, тогаш се само поттикнувачи. Што да ви кажам? Но верувам дека некој ги плаќа“.

Претседателот распореди околу 4.000 припадници на Националната гарда и 700 маринци на улиците на Лос Анџелес, и покрај предупредувањата од Њусом и Бас дека оваа акција само ќе ги влоши тензиите.

Федерален судија го одби барањето на Њусом за привремена забрана на, како што тој ја нарече, „нелегалната милитаризација на Лос Анџелес“. Наместо тоа, високиот окружен судија Чарлс Брејер од Северниот Округ на Калифорнија закажа рочиште за четврток.

Протестите започнаа во петокот, кога агентите на Службата за имиграција и царина (ИЦЕ) извршија рации во локалните бизниси и приведоа стотици луѓе осомничени дека живеат нелегално во САД. Администрацијата на Трамп продолжува со рациите и покрај жестокото противење од локалната заедница.

Критичарите тврдат дека ИЦЕ има за цел мирни имигранти без документи кои се важен дел од заедницата и локалната економија, наместо криминалците што Трамп вети дека ќе ги депортира за време на неговата претседателска кампања минатата година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДЗС: пронајдени артилериска граната од 75 mm и рачна бомба од Првата светска војна

Следно

Кулибали по победата над Англија: Ова е историски момент за Сенегал

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop