Дете почина од глад во Газа поради израелската блокада

June 10, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Мало девојче почина вчера од глад и дехидрација во градот Хан Јунис, на јужниот дел на Газа, пренесуваат палестинските медиуми, јавува Анадолу.

Тоа починало во болницата за деца и мајки како последица на тешка неисхранетост предизвикана од гладот што владее во регионот поради израелската блокада, јави официјалната палестинска новинска агенција ВАФА, повикувајќи се на медицински извори.

Според медицински лица, илјадници деца во Газа покажуваат симптоми на неисхранетост како резултат на строгата блокада што Израел ја има наметнато за енклавата. Веќе речиси 100 дена се блокирани сите гранични премини, со што е спречен влез на основни потреби, како храна, вода, лекови и гориво.

Басам Закут, директор за медицинска помош во Јужна Газа, изјави дека Газа е „место на смрт“, каде што гладот погоди 100 отсто од населението, пренесе агенцијата.

Министерството за здравство во Газа на 28 мај соопшти дека најмалку 60 деца починале од неисхранетост предизвикана од израелската блокада.

Израел неодамна предложи план за отворање четири пункта за дистрибуција на хуманитарна помош во Јужна и Централна Газа. Според израелските медиуми, овој план има цел да ги натера Палестинците да ја напуштат Северна Газа.

Израелското армиско радио пренесе дека цел на планот е северниот дел на Газа да стане „целосно депопулирана зона“.

Механизмот беше остро осуден од меѓународната заедница и Обединетите нации, кои го сметаат за обид да се заобиколи хуманитарната дистрибуција преку официјалните канали на ОН.

Од 2 март Израел ги држи затворени сите гранични премини, прекинувајќи го влезот на храна, лекови, гориво и други основни резерви за 2,4 милиони жители на Газа.

Израел, отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, спроведува катастрофална офанзива во Газа од октомври 2023 година, при што се убиени речиси 55.000 Палестинци, повеќето жени и деца.

Хуманитарните агенции предупредија за ризикот од глад кај повеќе од 2 милиона жители на енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР: Кривична пријава против 23 физички и 15 правни лица, меѓу нив и Крмзов, предизвикале штета на буџетот од над 94 милиони евра

Следно

Атлетико Мадрид сака да го ангажира Тео Ернандез

Latest from Blog

ПОЗНАТА ШЕМА? Погледнете што CNN забележа на Flight Radar околу Куба

Летовите на американската воена разузнавачка служба покрај брегот на Куба нагло се интензивираа, се наведува во анализата на CNN на јавно достапните податоци за воздушниот сообраќај. Од 4 февруари, морнарицата и воздухопловните

Дел од Кисела Вода во понеделник без струја – ЕВН најави прекин

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Општина Кисела Вода. Според најавата, прекинот ќе биде во периодот

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска
Go toTop