Промоција на „Час по незадолжителна лектира“ од Мојсова-Чепишевска

June 9, 2025
1 min read

Книгоиздавателствто  „Матица македонска“ ќе ја промовира новата книга од универзитетската професорка и книжевна критичарка Весна Мојсова-Чепишевска, „Час по незадолжителна лектира“. Станува збор за прва книга за македонскиот роман во 21. век и за издание со иновативна структура што е прво од ваков формат објавено кај нас. Претходно, во оддена монографска публикација претставени беа критичките согледби за македонскиот роман само до 2000 година, со книга на Христо Георгиевски, додека Мојсова-Чепишевска целосно се осврнува на романи создани во периодот потоа, дминантно во периодот од 2020 до 2023 година, со што оваа книга веќе има и книжевноисториско значење.

Промоцијата ќе се одржи утре, 10 јуни 2025 година, со почеток во 19 часот, во книжарницата на „Матица македонска“ на Булеварот на книгите (бул. „Св. Климент Охридски“). Модератор на настанот и промотор на книгата ќе биде Душко Крстевски.

„Час по незадлжителна лектира“ на Мојсова-Чепишевска не претставува класичен критички преглед, туку е книга што е вредносна вертикала на македонскиот роман во втората и третата деценија на 21. век. Притоа, покрај тоа што  се микроисчитани клучни романи објавени во овој период, остварена е критичка опсервација и воопшто на твоештвото на македонските романсиери со активен опус што е од есенцијално значење за македонската книжевна продукција последните години. Критички се опфатени романи на: Оливера Николова, Божин Павловски, Паскал Гилевски, Блаже Миневски, Венко Андоновски, Томислав Османли, Лидија Димковска, Калина Малеска, Петар Андоновски, Фросина Пармаковска, Живко Грозданоски и Дијана Петрова, а во дел од книгата, Мојсова-Чепишевска се осврнува и на дело од Влада Урошевиќ. 

Забележливо, меѓу опфатените романи, повеќето се добитници на престижни признанија – „Роман на годината“ и/или наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија, при што критичките осврти на Мојсова-Чепишевска датираат од периоди пред наградувањето, при што во голем дел претставуваат и први напишани, односно објавени критики за конкретните прозни остварувања.

Иновативната структура на новата книга на Мојсова-Чепишевска со поднаслов „Дневнички записи за исчитани романи“ е во духот на современите дневници на прочитани книги, а таквиот формат, авторката го користи за современиот македонски роман и да се доближи до поширокиот читателски аудиториум. Дополнително, преку таквиот формат се популаризираат и вредности од другите форми на уметнички израз од современата македонска култура, вклучително и музиката и филмот. Со тоа, не само што во оваа книга се одразуваат познавањавања на Мојсова-Чепишевска за другите форми на уметнички израз во нашето современие, туку книгата има и додадена вредност за севкупната македонска култура, поттикнувајќи и интеракција со читателот. Во функција на интеракцијата, во книгата, Мојсова-Чепишевска ги користи и придобивките од новите технологии, вклучително и QR-кодовите.

Оваа книга е резултат и на тоа што континуирано, Мојсова-Чепишевска се издвојува како книжевен критичар и со својата постојана посветеност на современиот македонски роман на XXI век. Во изданието, веќе се согледуваат и новите трендови, поетики и севкупни тенденции (влучително и промена на формата и дискурсот) во македонскиот роман, со што книгата е сериозен влог за македонската книжевна историја.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Цената на квадратот за стан во Скопје ќе поефтини само кога би имало катастрофа

Следно

Договори до декември, но не и решение за работа – медициските сестри од Тетово незадоволни, најавија протест во Скопје

Latest from Blog

ПОЗНАТА ШЕМА? Погледнете што CNN забележа на Flight Radar околу Куба

Летовите на американската воена разузнавачка служба покрај брегот на Куба нагло се интензивираа, се наведува во анализата на CNN на јавно достапните податоци за воздушниот сообраќај. Од 4 февруари, морнарицата и воздухопловните

Дел од Кисела Вода во понеделник без струја – ЕВН најави прекин

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Општина Кисела Вода. Според најавата, прекинот ќе биде во периодот

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска
Go toTop