Хамас: Израелското пресретнување на хуманитарниот брод за Газа е „државен тероризам“

June 9, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Палестинското движење Хамас денес го осуди пресретнувањето на хуманитарниот брод што се движеше кон Појасот Газа, нарекувајќи го чинот „организиран државен тероризам“, јавува Анадолу.

Бродот „Мадлин“ под британско знаме имаше за цел да ја пробие блокадата што Израел ја има наметнато врз Појасот Газа, каде што од октомври 2023 година досега се убиени речиси 55.000 луѓе, главно жени и деца.

Израелските воени сили го пресретнаа бродот во текот на ноќта пред да стигне до брегот на Газа, со планови насилно да го пренасочат кон пристаништето „Ашдод“. На бродот се наоѓале хуманитарни залихи, вклучително и храна и млеко за бебиња.

„Пресретнувањето на бродот ‘Мадлин’ и спречувањето на доставата на симболична помош до нашиот народ, кој се соочува со геноциден воен напад, претставува организиран државен тероризам, флагрантно кршење на меѓународното право и напад врз цивилните волонтери кои дејствуваат од хуманитарни мотиви“, се вели во соопштението на Хамас.

Движењето нагласи дека обидот за пробивање на блокадата покажува дека „Газа не е сама и дека совеста на човештвото сè уште е жива пред фашистичката окупација“.

Хамас ја обвини израелската страна за безбедноста на активистите што се наоѓаат на бродот и повика на нивно итно ослободување.

„Ги повикуваме ОН и другите меѓународни организации да го осудат овој криминален чин и да преземат итни мерки за прекинување на опсадата на нашиот народ“, се додава во соопштението.

Бродот „Мадлин“, кој е дел од коалицијата „Флотила на слободата“, тргна кон Газа на 1 јуни од пристаништето „Сан Џовани Ли Кути“ во Сицилија, Италија.

На бродот се наоѓаат вкупно 12 лица, вклучувајќи 11 активисти и еден новинар.

Меѓу нив се францускиот пратеник во Европскиот парламент (ЕП) Рима Хасан, германската државјанка Јасемин Аџар, Хусеин Шуајб Орду од Турција, Тијаго Авила од Бразил, Серхио Торибио од Шпанија, Марко ван Рен од Холандија, Баптист Андре, Рева Вијард, Паскал Мориерас и Јанис Мамди од Франција, шведската климатска активистка Грета Тунберг и новинарот Омар Фајад.

Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека активистите ќе бидат депортирани во нивните матични земји.

Од почетокот на март, Израел ги држи затворени сите гранични премини кон Газа, што целосно ја прекина доставата на хуманитарна помош, вклучително и храна, лекови и гориво, за 2,4 милиони жители на енклавата.

Хуманитарните организации предупредуваат дека постои сериозен ризик од глад во Газа.

Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант поради воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел исто така се соочува со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради злосторствата извршени врз цивилното население во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изминатиот викенд 1077 сообраќајни прекршоци, 172 санкционирани возачи на мотоцикл

Следно

Турскотo МНР упати остра реакција кон Израел за нападот врз бродот „Мадлин“

Latest from Blog

Тоневски: Лесновската колонија ја зацврстува културната препознатливост на Пробиштип

Тони Тоневски истакна дека Меѓународната Лесновска ликовна колонија претставува едно од најзначајните културни случувања во Пробиштип, кое со години ги обединува уметниците и го промовира културното наследство на Лесново. Тоневски информираше дека

Денеска на Мундијалот: Страшната Франција подготвена за ново шоу а Парагвај нека му ја мисли

ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/ Синоќа заврши 1/16 финалето на СП, а од вечерва стартува 1/8 финалето. Се разбира дека ова е тоа вистинското, „забавата“, онаа вистинска, сега почнува. Вечерва на програтама се два меча, Канада

Манасиевски: Над 10.000 амандмани се обид за блокада на Изборниот законик

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СДС го блокира донесувањето на Изборниот законик поради, како што велат од партијата, страв од изборен пораз и од губење на поддршката од македонската дијаспора. На прес-конференција, портпаролот

Димитриеска-Кочоска: Растот на БДП над 3% покажува правилно насочување на буџетските средства

4 јули 2026, Скопје – Дали средствата од Буџетот се правилно насочени или не се најдобро зборуваат податоците за растот на БДП и буџетскиот дефицит, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во денешната

ФЕРО ИНВЕСТ и WHES на Intersolar Europe 2026: Успешниот батериски проект бара врвна технологија и искусен инженерски партнер

Инженерскиот тим на ФЕРО ИНВЕСТ, ексклузивен партнер на WHES Energy Storage Systems за Македонија, присуствуваше на Intersolar Europe 2026 во Минхен – најголемиот европски саем за соларна енергија, батериски системи и паметни
Go toTop