Тешко рибарење на мавританските рибари

June 7, 2025
1 min read

НУАКШОТ (АА)

– Серхат ЗАФЕР

Рибарите во Мавританија, западноафриканска земја со крајбрежје во должина од 754 километри на Атлантскиот Океан, во текот на целиот ден ловат риба, известува Анадолу.

Риболовот е меѓу најважните извори на приход за луѓето во Мавританија.

Стотици рибари од брегот на главниот град Нуакшот со првата дневна светлина испловуваат во океанот во групи со своите шарени чамци.

Рибарите кои се трудат напорно да заработат за живот, во океанот ловат десетици видови риба по жешкото време до вечерните часови, која потоа ја продаваат на рибниот пазар.

– Раздвиженоста започнува со пристигнувањето на чамците на брегот

Моментите на раздвиженост започнуваат со пристигнувањето на рибарските чамци на брегот.

Рибата се истоварува од чамците и со коли со коњи и магариња се носи до рибниот пазар покрај брегот каде се става на продажба.

Рибарите кои завршиле со своите обврски ги подготвуваат своите чамци за следниот ден.

Некои од рибари се обидуваат да се релаксираат во сенката на своите чамци по напорниот риболов.

Стотици луѓе во регионот со години продолжуваат да се занимаваат со риболов како нивен главен извор на приход.

– На плажата се организираат тури со камили

На еден дел од плажата каде што рибарите се трудат да заработат за живот, народот и туристите ужива во водите на океанот.

Во текот на денот, луѓето доаѓаат на плажите на Нуакшот за да си поминат убаво разладувајќи се од жешкото време кое понекогаш надминува 40 степени.

На брегот се организираат и специјални тури на прошетка со камили за туристите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тешка несреќа на патот Скопје – Тетово – загина 19 годишна девојка!

Следно

Судиски камери ќе се користат за преноси на натпревари од Светското клупско првенство

Latest from Blog

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е

Му го продолжија договорот пред Мундијалот, сега го избркаа

Владимир Петковиќ повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Алжир, јавуваат африканските медиуми. 62-годишниот стратег беше отпуштен по поразот од Швајцарија (2:0). Петковиќ ја презеде селекцијата на Алжир на почетокот на

Интерконекторот со Грција се очекува да биде завршен во првата половина од 2027

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека гасоводниот интерконектор меѓу Северна Македонија и Грција е во завршна фаза и очекува да биде целосно синхронизиран во првата половина од следната година. – Да бидам чекор
Go toTop