Најмалку 17 Палестинци се убиени во израелските напади врз Газа вториот ден од Курбан Бајрам

June 7, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 17 Палестинци се убиени во нападите на Израел врз Појасот Газа во утринските часови вториот ден од Курбан Бајрам, известува Анадолу.

Според информациите добиени од локални извори, 12 лица се убиени, а повеќе од 40 лица се повредени во нападот на израелската војска врз шаторите во кои се сместени раселени цивили во градот Хан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа.

Се истакнува дека меѓу убиените се и четиричлено семејство, мајка, татко и нивните две деца.

Израелската војска отворила оган врз цивилите кои чекале да добијат хуманитарна помош во западниот дел на градот Рафа. Во нападот се убиени најмалку 5 Палестинци, а има и голем број ранети.

На 115 се зголеми бројот на Палестинци кои се убиени од страна на израелските војници додека се обидувале да дојдат до храна од 27 мај, додека бројот на повредени надмина 580. Локални извори информираат дека 9 лица сè уште се водат за исчезнати како резултат на овие напади.

Првиот ден од Курбан Бајрам, Израел уби 33 Палестинци во воздушни и копнени напади врз различни делови на Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фика во Скопје: Како шведската филозофија за мали задоволства станува секојдневие?

Следно

Без одговорност нема мир: Родителите во Кочани и денес бараат одговори за „Пулс“

Latest from Blog

Димовски: Колку повеќе си ја цениме и чуваме историјата, толку повеќе се штитиме од сите притисоци и предизвици што се пред нас

Колку повеќе си ја цениме и чуваме историјата, толку повеќе се штитиме од сите притисоци и предизвици коишто се пред нас, а ги има. Единственото оружје, со коешто можеме да се одбраниме

Проданоски: Општината е дом и за најмладите

Кабинетот на градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска беше исполнет со детска љубопитност и насмевки, откако во посета пристигнаа четвртоодделенци кои, во рамки на наставната програма, учат за локалната самоуправа и
Go toTop