„Заедно со локалните и парламентари избори“ – Али Ахмети со пораки и повици до политичките опоненти

June 6, 2025
1 min read

Европскиот фронт е во комуникација со конструктивни политички сили во земјата, со кои градат заедничка стратегија за дејствување и силно се определени парламентарните избори да се одржат заедно со локалните, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на прославата по повод 23-годишнината од формирањето на партијата.

-Бараме тоа да се случи бидејќи единствен излез и спас за создавање политичка стабилност е парламентарните избори да се одржат заедно со локалните, изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.

На ова барање денеска одговорија од ВМРО-ДПМНЕ.

Ахмети пак, синоќа испрати посебна порака до ВМРО-ДПМНЕ, кои ги нарече политички опоненти, велејќи дека ги знае нивните стратегиите и дека не се добри. Им порача да не забораваат дека секој што се соочил со ДУИ, изгубил.

На секојдневните обвинувања од актуелната власт кон ДУИ за корупција и кражба, Ахмети одговори дека се тоа „празни муабети“ и побара ветинг, односно отворање истраги за потеклото на имотот на сите политичари и функционери во државата.

Ајде, отворајте истраги за приватизацијата, како се случи приватизацијата во оваа држава од 1991 до 2001 година. Не велам да почнеме од Кристијан! Од мене нека почне! Кристијан, не плаши се ти! – изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Ахмети упати порака и до коалицијата ВРЕДИ, или како што ги нарече „оние што чекаат во менза“.

-Овие нашиве, во студентската менза, нека го следат примерот на Арбен Таравари. Кога виде тој како се деградира албанското прашање, кога виде какви клинци во ковчегот се ставаат на Охридскиот договор, на институции во кои и наши учествуваат, тој се повлече, изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Ахмети испрати повик и до македонските сограѓани да не подлегнуваат на стравовите кои, според него, ги шират некои политички кругови, дека Албанците наводно сакаат да ја поделат Македонија.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со новиот граничен премин Маркова нога – Лемос на 40 минути ќе се намали времето на патување од Ресен до грчка Преспа

Следно

Најскапиот голман во светот има смешна откупна клаузула и може да направи шокантен трансфер

Latest from Blog

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,

Проданоски: Заедно против насилството и негативните појави во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека локалната самоуправа продолжува активно да работи на градење доверба, разбирање и заедништво во заедницата, во соработка со Центарот за заедничка основа. Во рамки на
Go toTop