Владата бара 400 пожарникари за 24.000 денари плата

June 6, 2025
1 min read

До 24.000 денари плата за сезонски ангажман на 400 пожарникари за помош на општините во справување со пожарите во текот на летото. 600 работници за јавни работи кои ќе помагаат на општините за 800 денари дневница и ќе бидат ангажирани максимум 30 дена во годината по четири часа дневно. Ова се само дел од мерките во Оперативниот план за вработување на Владата со кој планира младите лица да ги задржи дома. Но, експертите алармираат – Македонија нема работници ниту за лек. Младите не работат за минимални плати – целта им е како побрзо да дојдат до пари.

„Кога разговарате со млади,сите имаме фамилии и деца тие гледаат како побрзо до пари да дојдат. Заврши времето кога бевме ние, јас кога бев, сонував да бидам банкарски чиновник за 10.000 денари и да чекам години да унапредам па. Сега младинава не го прави тоа. Вие имате, не знам како вие успевате, али ние континуирано менувате работни места, младите одат идат, одат идат. И ако не се прилагодиме на нив, па ние веќе не го гледаме новото време.“, изјави Наумоски во гостувањето на тв.21.

За проблемот со работна сила одамна алармира и бизнисот. Обидот со ангажирање на работници од странство не дава резултати. Владата пак со законски измени во обид и пензионерите, студентите, социјалците и младите над 15 години да ги внесе на пазарот на труд, без да ги изгубат правата на пензија и социјална помош. Но, експертите предупредуваат се помалку ќе имаме работници.

„Крикот е цел нема работници. И ќе нема, понатаму се помалку ќе имаме работници“, вели Наумоски и додава:

„Македонија сериозно тоа треба да го позиционира, бидејќи идната војна метафорички економска ќе биде само и само преку продуктивни работници. Е сега продуктивен работник колку може пензионерот да биде. Јас се смеам често мајка ми беше добар инспектор во пензија е, да ја вратиме, го нема тој елан како пред 30 години.“, изјави Наумоски.

Со Оперативниот план пак, годинава ќе се потрошат 40 милиони евра за вработување на 16.500 лица. Денеска мерките беа презентирани во Прилеп. Во него има пари и за самовработување – по 10.000 евра неповратни средства за отворање на бизнис за млади до 29 години. Со здружување на две лица кои активно бараат работа сумата може да достигне од 14.000 евра до 20.000 евра.

Планот предвидува и обуки и преквалификации, младински додаток од 50 евра за млади до 23 години кои ќе работат во производство. А продолжува и мерката за поддршка на работодавачите. При вработување на млади невработени до 29 години да добијат до 250.000 денари од лице.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Тажен Бајрам во Газа – молк меѓу урнатините и гробовите на најблиските

Следно

Расчистено вчерашното Убиство во обид во скопско, одредена мерка притвор

Latest from Blog

Де Роси најверојатно ќе ја преземе Џенова

Даниеле Де Роси е најсериозен кандидат да биде нов тренер на тимот на Џенова, откако менаџментот на клубот одлучи да му врачи отказ на Патрик Виера. Клубот во моментов е во потрага

Жените родени под два знака се најпосакуваните партнери и сопруги

Љубовта, топлината и способноста да се разбере партнерот се квалитети кои многумина ги сметаат за најважни во љубовната врска или бракот. Сепак, според астрологијата, постојат жени кои природно зрачат од оваа посебна

МВР: Безбедноста на новинарите е еден од врвните приоритети

МВР информира дека денеска се одбележува 2 Ноември – Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторства против новинарите. Преку кампањата „Новинарите се важни“, Советот на Европа и државите-фокусни точки ја

Експлозија на бомба ги разбуди граѓаните на Сараево- оштетени возила пред казино

На плоштадот ЗАВНОБИХ во сараевската општина Нови Град ноќеска околу 23:15 часот се случила експлозија, вознемирувајќи ги жителите на населбата Алипашино Поље, објави Ослобоѓење. Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон потврди
Go toTop