Додека Вадата на Мицкоски си организира дискусии на тема “Кочани е наш приоритет“, повредените во пожарот, помош добиваат од граѓански донации

June 5, 2025
1 min read

Додека во владата се дискутираше на тема „Кочани е нашиот приоритет“ и се предлагаа нови мерки и чекори, семејствата на повредените деца  продолжуваат да се соочуваат со стари  предизвици – високи трошоци за третмани и долготрајно лекување на изгореници.

Ванчо Мишовски од Сапорт Кочани за Телевизија 24 вели дека во моментов сите третмани за лекување вклучувајќи и лепенки, гелови и креми се сведени на донации од хумани луѓе бидејќи родителите не можат да си дозволат да ги набават. 

Генералниот директор на Црвениот Крст Саит Саити на денешната панел дискусија рече дека останатите собрани средства ќе им бидат доделени на семејствата на повредените веднаш по добивањето на извештајот од работната група составена од 7 лекари која треба да даде мислење за секој повреден поединечно. 

Според него, ваквата практика е соодветна бидејќи секој пациент има различна потреба и тежина на повредите, и различна прогноза за нивно лекување

Сашо Клековски директорот на Фондот за здравствено осигурување рече дека дека сите лекари кои се дел од групата, директно учествувале во приемот на повредените кобната ноќ и знаат за нивната првична состојба. Досега биле оценети 160 пациенти.

За СДСМ, пак денешната трибина е лицемерие и ароганција, бидејќи според нив, Кочани воопшто не е приоритет за владата. Родителите на загинатите и повредените деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, најавија нови протести оваа сабота.

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска преку објава на социјалните мрежи ја обвини власта дека организира трибини во време кога родителите на децата остануваат без работа а болницата во Кочани функционира само со една докторка.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милевски: Квалитетот е на страната на Белгија, но оптимист сум дека овој јуни ќе биде поинаков

Следно

„Со две раце потпишувам дека идниот градоначалник на Скопје ќе биде од ВМРО-ДПМНЕ“, вели Перински

Latest from Blog

ПОЗНАТА ШЕМА? Погледнете што CNN забележа на Flight Radar околу Куба

Летовите на американската воена разузнавачка служба покрај брегот на Куба нагло се интензивираа, се наведува во анализата на CNN на јавно достапните податоци за воздушниот сообраќај. Од 4 февруари, морнарицата и воздухопловните

Дел од Кисела Вода во понеделник без струја – ЕВН најави прекин

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Општина Кисела Вода. Според најавата, прекинот ќе биде во периодот

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска
Go toTop