Милевски: Квалитетот е на страната на Белгија, но оптимист сум дека овој јуни ќе биде поинаков

June 5, 2025
1 min read

На прес-конференцијата пред мечот во Скопје против Белгија се обрати пред новинарите и селекторот Благоја Милевски. Предводникот на нашата репрезентација го најави дуелот и го коментира силниот ривал.

„Анализите се направени, не треба да се зборува за квалитетот на Белгија. Тие имаат многу квалитетни играчи, тоа е тим кој години наназад е во врвот на европскиот фудбал. Од друга страна, Македонија покажала дека знае да се бори и со такви тимови. Не гледам причина зошто да не е така и на утрешниот натпревар. Мора да сме на својот максимум, па ќе видиме што ќе ни донесе тоа. Овој јунски период години наназад ни е проблематичен. Што се однесува до сегашната ситуација, мора да го смениме тој менталитет индивидуално и како тим. Тоа што го видов изминатите седум дена ми дава за право да бидам оптимист дека овој јуни ќе биде поинаков. Менталитетот на играчите е поинаков отколку досега, атмосферата и енергијата се одлични. Без оглед на повредите, во текот на овие денови имаме дополнителни проблеми. Под знак прашалник се Алими, Димоски и Трапановски, но се надевам дека ќе бидат способни да заиграат. Се надевам дека на физички план ќе бидеме поподготвени од минатото

Несомнено дека индивидуалниот квалитет на Белгија е на највисоко можно ниво. Македонија, ако функционира како досега како тим, тоа е наша најдобра страна и квалитет. Само така можеме да се надеваме на позитивен резултат. Анализите се направени од двата натпревари со новиот селектор против Украина, само тие се веродостојни. Не мора да значи дека ќе изгледаат исто така и против нас. Подготвени сме на секое сценарио, да одговориме на предизвикот“, изјави Милевски.

Македонија ќе ја дочека Белгија в петок (20:45 часот), а веќе в понеденик ќе се судри со селекцијата на Казахстан во Астана.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Перински: Во Град Скопје гледаме театар и циркус!

Следно

Додека Вадата на Мицкоски си организира дискусии на тема “Кочани е наш приоритет“, повредените во пожарот, помош добиваат од граѓански донации

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска по разговорите со ММФ: Следуваат нови економски чекори

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари конструктивен состанок со извршниот директор во Меѓународен монетарен фонд, Јерон Клик, на кој се разговарало за актуелните економски состојби и предизвиците со кои се соочува земјата.

Средношколците влегуваат во светот на бизнисот: започна „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ со парична награда за старт-ап бизнис

Со учениците од СУГС „Никола Карев“ Скопје денеска започна националниот проект и хакатон-серијал „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ образовна иницијатива што ги поврзува средните училишта со реалниот бизнис-сектор и им овозможува уште во

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија

Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран
Go toTop