Перински: Во Град Скопје гледаме театар и циркус!

June 5, 2025
1 min read

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 упати остри критики за состојбата во Град Скопје.

Тој вели дека скопјани секојдневно се сведоци на политички театар, наместо на вистинска работа и решенија за проблемите на градот.

„Она што го гледаме на дневна основа е политички циркус. Под превезот на жртва, сите скопјани станавме жртви. Со освоени 1.571 глас на парламентарни избори, се држат во заложништво 560.000 граѓани“, рече Перински во своето гостување.

Тој посочи дека Градот Скопје се соочува со сериозни системски проблеми, кои не се решаваат, туку се продлабочуваат. Притоа, додаде дека локалните избори, кои следат за неколку месеци, ќе донесат нова можност за промена и за избор на нова градска власт која ќе работи во интерес на граѓаните.

„Градоначалничката функција мора да биде оперативна. Додека се зема плата од буџетот, граѓаните имаат право да знаат што се случува. Во моментов, нема официјални информации од Град Скопје, но неофицијално, само комуналните претпријатија се во долгови од над 40 милиони евра“, истакна Перински.

Тој постави и клучно прашање до актуелното раководство: „Ако за 3,5 години не се реализираше ниту еден капитален проект, тогаш каде се парите?“

Перински заклучи дека оваа ситуација не може да продолжи, и дека скопјани заслужуваат градска власт која ќе работи транспарентно, одговорно и со визија за развој.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Салиу: „Апсолутно немам никаква вина за Кочани“

Следно

Милевски: Квалитетот е на страната на Белгија, но оптимист сум дека овој јуни ќе биде поинаков

Latest from Blog

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е

Му го продолжија договорот пред Мундијалот, сега го избркаа

Владимир Петковиќ повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Алжир, јавуваат африканските медиуми. 62-годишниот стратег беше отпуштен по поразот од Швајцарија (2:0). Петковиќ ја презеде селекцијата на Алжир на почетокот на
Go toTop