Салиу: „Апсолутно немам никаква вина за Кочани“

June 5, 2025
1 min read

„Апсолутно немам никаква вина“, вели поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување во врска со пожарот кој настана во кочанската дискотека „Пулс“.

Актуелниот министер без ресор, како поранешен директор е опфатен во истрагата за пожарот, во кој загинаа 62 лица и околу 200 повредени.

„Апсолутно во тој поглед не чувствувам одговорност. Верувам во нашата држава, верувам во институциите на системот, верувам во правосудните органи дека правилно ќе ги согледаат аргументите и сите останати посебни моменти од тој случај. Јас сум правник по вокација, доктор на политички правни науки. Осумнаесет години сум бил адвокат и сум работел во судови. Оставам на совеста на државата да одлучи, дали јас имам вина или немам. Лично, со душа и со срце тврдам дека апсолутно немам никаква вина во тој поглед.“ – Шабан Салиу поранешен дир. на дирекција за заштита и спасување.

Лидерот на партијата Демократска сила на Ромите, Салиу беше и во ефективен затворски притвор, а беше пуштен кон крајот на минатиот месец, кога притворот му беше заменет со мерки на претпазливост. 

По два и пол месеци по пожарот предистражаната постапка заврши со 46 осомничени, а државниот обвинител, Љупчо Коцевски за ТВ 24 истакна дека не е исклучена можноста бројката да се зголеми, а за некои да биде прекината истрагата. Коцевски посочи дека почнува увидот на одбраната во доказите, а ОЈОГОКК продолжува со истрагата околу улогата на полицајците кои кобната ноќ беа во дискотеката „Пулс“ и не исклучува можност доколку се обезбедат докази, да станат осомничени. Коцевски вели, полицијата влегла во „Пулс“ 15 минути пред пожарот. 

Додека партиите продолжуваат со меѓусебно препукување, родителите на починатите очекуваат правда и неселективна истрага, а на последниот „Марш за ангелите“ кажаа дека трпението им е при крај. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп: Многу сум разочаран од Илон, му помагав!

Следно

Перински: Во Град Скопје гледаме театар и циркус!

Latest from Blog

ПОЗНАТА ШЕМА? Погледнете што CNN забележа на Flight Radar околу Куба

Летовите на американската воена разузнавачка служба покрај брегот на Куба нагло се интензивираа, се наведува во анализата на CNN на јавно достапните податоци за воздушниот сообраќај. Од 4 февруари, морнарицата и воздухопловните

Дел од Кисела Вода во понеделник без струја – ЕВН најави прекин

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Општина Кисела Вода. Според најавата, прекинот ќе биде во периодот

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска
Go toTop