Кабинет на Гаши за интерпелацијата за Костадиновски: Секоја иницијатива поднесена од пратениците, доколку е во согласност со Уставот и Деловникот, ќе биде процесирана со целосно почитување на законите

June 5, 2025
1 min read

Секоја иницијатива поднесена од страна на пратениците, доколку е во согласност со Уставот, Деловникот и законите, ќе биде процесирана со целосно почитување на законите и демократските стандарди, се вели во писменото соопштение од Кабинетот на претседателот на Собранието Африм Гаши, во врска со поднесената интерпелација за претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, од пратеничката група на „Европскиот фронт“.

„Како што е јасно утврдено во член 47 од Деловникот на Собранието и член 72 од Уставот, пратениците имаат уставно загарантирано право да покренат интерпелација за работата на секој носител на јавна функција. Овие одредби не се предмет на слободно толкување, туку нивна примена. Претседателот на Собранието останува посветен на принципиелно и законито раководење, засновано врз уставниот поредок, институционалната непристрасност и доследно почитување на процедурите. Секоја иницијатива поднесена од страна на пратениците, доколку е во согласност со Уставот и Деловникот и законите, ќе биде процесирана со целосно почитување на законите и демократските стандарди“, се наведува во соопштението.

Од Кабинетот на Гаши посочуваат дека обезбедувањето на легалитетот и заштитата на институционалниот интегритет на Собранието не претставуваат само обврска, туку и темелен принцип на визијата на Претседателот за одговорно владеење.

СДСМ, денеска претходно преку писмено соопштение информираа нема да ја поддржи интерпелацијата на Претседателот на Уставниот суд.

„Претседателот не го избира Собранието, туку се бира од страна на уставните судии, оттаму ниту правно формално оваа иницијатива не е издржана“, појаснуваат од партијата.

Покрај ова, сметаат дека таа може да се искористи исклучиво за дневно политички цели од страна на оние кои ја иницираат.

Пратеничката група на Европскиот фронт завчера до претседателот на Собранието Африм Гаши, поднесе интерпелација за претседателот на Усавниот суд, Дарко Костадиновски.  Пратеникот Илир Хасани вчера  на прес-конференција образложи дека интерпелацијата е поднесена за работата на Костадиновски врз основа на член 72, став 1 и став 2 од Уставот на Република Северна Македонија. Според Хасани, Костадиновски свесно го прекршил Законот за употреба на јазиците и членот 101 од Законот за  Уставниот суд.  Според него, Костадиновски има предрасуди кон албанскиот јазик и прашува што има против албанскиот јазик. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ралев за Трилинг: Случајот со Чаир е тотално лудило 

Следно

Трамп: Многу сум разочаран од Илон, му помагав!

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop