Економски раст или манипулација – Кризата ја чувствуваат граѓаните

June 5, 2025
1 min read

Економскиот раст од 3 отсто што го објави премиерот Христијан Мицкоски, според кој Македонија е четврта во Европа според пораст на БДП, предизвика силни реакции. Владата го претставува како доказ за успешна економска политика, додека опозицијата предупредува дека зад бројките се крие сурова реалност во која граѓаните осиромашуваат. Економистите пак, со поделени мислења: едни го поздравуваат растот, други предупредуваат дека граѓаните не чувствуваат никаква придобивка.

Според Мицкоски, Македонија бележи еден од највисоките економски пораст во Европа – веднаш зад Ирска, Данска и Полска. Тој додаде дека ова е резултат на сериозен пристап кон економската политика, стабилни финансии и иницирање крупни инфраструктурни проекти.

Опозицијата, пак, обвинува за манипулација и статистички игри. Велат дека вистинската слика се гледа во празните фрижидери, ниските плати и растечките цени.

– Со инфлација од 3 отсто и идентичен пораст, нема реална добивка. Народот не чувствува подобрување. Се соочуваме со поскапувања, празни паричници и сè поголем број граѓани кои земаат брзи кредити за да преживеат – велат од СДСМ.

Економистите: растот мора да биде повисок за да се почувствува

Економистите се согласни во едно – порастот сам по себе не е доволен ако не се одразува врз стандардот. Според нив порастот од 3 отсто е реален, но не е доволен за граѓаните да почувствуваат вистинска придобивка, порастот треба да биде над 5 отсто.

Исто така, економистите сметаат дека билатералните договори, како оној со Велика Британија, се важни, но уште поважно е како се користат средствата добиени преку нив.

Некои економисти предупредуваат дека последиците од економскиот раст или пад граѓаните најдиректно ги чувствуваат преку сопствениот џеб. Според нив, статистичките податоци може да бидат точни, но не секогаш ја одразуваат реалната економска слика. Особено во мала економија, каква што е македонската, дури и прекин на работа на еден капацитет може значајно да влијае врз општата економска состојба. Затоа, неопходни се повеќе инвестиции, отворање нови фабрики и зголемување на продуктивните капацитети.

Одреден дел од економистите се далеку поскептични. Според нив, сегашниот раст е вештачки и се должи главно на засилената активност во градежниот сектор, а не на зголемено производство и извоз. Тие предупредуваат дека кредитите кои се земаат денес ќе треба да се вратат утре, а дека животниот стандард на граѓаните опаѓа. Зголемениот број на брзи кредити, велат тие, е јасен показател дека сè повеќе луѓе преживуваат од месец за месец.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп им забрани влез во САД на државјани од 12 земји

Следно

Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога – приведено едно лице

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop