Русија ги предупреди САД и Велика Британија за украинските напади врз стратегиските бомбардери

June 4, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Русија очекува „јасен одговор“ од САД и Велика Британија за неодамнешните украински напади врз нејзини стратегиски бомбардери, изјави денес заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, предупредувајќи дека натамошниот молк може да доведе до идна ескалација.

„Дејствувањата на Киев очигледно имаат цел дополнително влошување на состојбата. Заедно со своите европски сојузници тие прават сѐ за да ја попречат можноста за мирно решавање на конфликтот“, рече Рјабков за новинарите додека го критикуваше тоа што го опиша како неактивност на Западот.

Тој додаде дека Москва покажала „максимална воздржаност“ пред втората рунда мировни преговори во Истанбул и покрај, како што рече, „континуираните провокации од Украина“.

Според Рјабков, секоја одлука за руски воен одговор на тие напади ќе ја донесе Министерството за одбрана.

Коментирајќи го дијалогот меѓу САД и Русија, Рјабков рече дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп „е повеќе склона да ги слуша аргументите на Русија“ и потврди дека „дијалогот е во тек и ќе продолжи“.

Тој, исто така, предупреди дека не треба да се потцени влијанието на „одредени политички кругови во САД чија цел е да ја уништат Русија.“

Рјабков го критикуваше изборот на Германката Аналена Бербок за претседателка на Генералното собрание на ОН, тврдејќи дека тоа би имало „негативни последици“ за Русија.

Русија постојано ги обвинува Украина и нејзините западни поддржувачи за поттикнување на конфликтот, а ја покажува својата отвореност за разговори под „реални“ услови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Родителите на детето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники бараат надлежните да испитаат дали имало лекарска грешка

Следно

Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со иранскиот претседател Пезешкијан

Latest from Blog

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е
Go toTop