ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е најодговорниот за 14 жртви во модуларната болница во Тетово

June 4, 2025
1 min read

„По досега изнесените информации во Аферата – Провизии кои чинат животи, од кои се утврди дека на Филипче како министер за здравство важни му биле само профитите, на површина излегуваат дополнителни скандали.

Венко Филипче е директно одговорен и виновен за набавката на модуларните болници, со лош квалитет и леснозапалив материјал, поради што тетовската, во која животот го загубија 14 луѓе, целосно изгоре за само две минути“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Според информациите кои стигнаа до нас, тогашниот министер за здравство, Филипче лично ја подготвил спецификацијата за тендерската постапка, каде што модуларните болници биле набавени како стоки.

Лично тој ја дал готовата техничка спецификација во одделот на Министерството за здравство задолжено за спроведување на набавката.

Ова го потврдува одговорното лице од Министерството за здравство кое се потпишало на спецификацијата дадена од Филипче лично, во исказ пред Јавното обвинителство.

Лицето кое Венко Филипче го назначил за главен и одговорен архитект на сите модуларни, одговорно лице за техничката спецификација и претседател на Комисијата за јавни набавки за 13-те модуларни болници, во исказот вели дека не ја изготвило техничката спецификација, туку само сум ја проследило по налог на министерот, до министерот за труд и социјална политика.

На Филипче, очигледно не му требал архитект за модуларните, туку само потписник на неговите матни тендери од кои профитирал провизии, кои чинеа 14 животи.

Освен ова, Филипче, противзаконски, без одобрение за поставување и употреба дозволил, со негова лична одлука ги пуштил во употреба модуларната болница во која не смеело да се изведува здравствена дејност.

Бидејќи, болниците биле набавени како стоки и нема извештај од надзор, согласно член 74 од Законот за градење, не можеле да се впишат ни во Катастар.

Но, и ова не е се, после трагедијата во Тетово, со цел да се спаси, но и дополнително да профитира, Филипче склучува анекс на договор со фирмата која ги гради модуларните болници и ја зголемил цената за 20%, наместо да му наложи на нејзин трошок да ги промени материјалите во другите болници низ државата.

И овој анекс е против законски, така што член 2 од Анексот бр. 23-1431/63 од 20.12.2021 е во целост спротивен на Основниот договор и истиот е ништовен согласно член 116, 117 и 119 во врска со член 39 и 41 од ЗОО

Од сево ова јасно произлегува дека единствениот и најодговорен за смртта на 14 луѓе кои живи изгореа во тетовската модуларна болница е тогашниот министер и сега претседател на СДС, Венко Филипче.“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДВА МЕСЕЦА Е ЗАТВОРЕНО СКОПСКОТО КИНО МИЛЕНИУМ, ШАЌИРИ ВЕЛИ НЕ Е БЕЗБЕДНО ОТИ ПРОКАПУВА КРОВОТ

Следно

Русија спроведе комбиниран воздушен напад врз Харков, предизвикувајќи пожари и повредувајќи едно лице

Latest from Blog

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска

Македонска технологија во светската елита: „Грин Машинс“ БРАКО го привлече вниманието на најголемиот саем во Германија

Македонската компанија БРАКО и брендот Green Machines деновиве се претставуваат на еден од најголемите светски саеми за еколошки технологии и урбана инфраструктура – IFAT Munich во Минхен. На престижниот меѓународен настан, кој

Македонскиот „Грин Машинс“ меѓу светската елита на ИФАТ во Минхен

Македонските возила за урбана хигиена „Грин Машинс“, кои се произведуваат во БРАКО во Велес, привлекоа големо внимание на престижниот светски саем ИФАТ во Минхен — еден од најзначајните меѓународни настани посветени на
Go toTop