Израелски печат: Отпуштени тројца високи функционери на американската администрација поддржувачи на Израел

June 3, 2025
2 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелскиот печат тврди дека се отпуштени тројца високи функционери на американската администрација што го поддржуваат Израел поради несогласувања во врска со „Иран и Газа“ меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, известува Анадолу.

Весникот „Једиот Ахронот“ објави дека државниот секретар на САД, Марко Рубио, наводно отпуштил тројца високи функционери на администрацијата на Вашингтон, кои се „силни поддржувачи на Израел“, вклучително и еден со двојно државјанство на САД и Израел, кој исто така е вклучен во преговорите со Иран.

Во веста се наведува дека администрацијата во Тел Авив проценила дека произраелските поддржувачи биле отпуштени поради желбата на Трамп да ја земе надворешната политика во свои раце, а во заднина на сето тоа е несогласувањето меѓу Трамп и Нетанјаху „во врска со можниот напад врз Иран и војната во Газа“.

Во веста се вели дека во Израел постои загриженост во врска со промените во американската администрација.

Се тврди дека двајца од отпуштените се Мерав Керен, која има двојно државјанство на САД и Израел, неодамна назначена за координатор во Одделот за Иран и Израел во Советот за национална безбедност на САД, и Ерик Трагер, координатор во Одделот за Африка.

Се потсетува дека Керен и Трегер биле назначени на овие позиции од поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Валц, кој беше познат како „голем произраелски поддржувач“ и беше отпуштен од Трамп.

Се тврди дека друг отпуштен функционер е заменик-специјалната претставничка на САД за Блискиот Исток, Морган Ортагус, која се смета за „една од најголемите поддржувачи на Израел“.

Ортагус, за која се очекува наскоро да ја напушти функцијата, одблиску ги следела прекинот на огнот меѓу Израел и Либан и случувањата во регионот со посетите на Бејрут, а вниманието го привлече со накитот со симболот Давидова ѕвезда за време на нејзините средби со функционери во Либан.

Во веста се вели дека израелски извори тврдат дека спорните отпуштања не биле конкретно против Израел и биле преземени затоа што Трамп „сака да ја земе надворешната политика во свои раце со ослабување на Советот за национална безбедност“.

Се забележува дека одлуката за отпуштање на произраелските поддржувачи потекнува од американскиот претседател Трамп и неговиот потпретседател Џејмс Дејвид (Џеј-Ди) Венс.

Изворите упатени во ова прашање не ја исклучиле можноста за отпуштање на повеќе произраелски американски функционери и тоа го оценуваат како дел од дистанцијата што настанала меѓу Трамп и Нетанјаху.

Во веста се истакнува дека на 27 мај американскиот претседател Трамп го предупредил Нетанјаху „да не презема чекори што би ги поткопале нуклеарните преговори со Иран“.

Израелскиот воен експерт Амос Харел во својата статија објавена во весникот „Хаарец“ тврди дека американскиот претседател е „уморен од игрите на Нетанјаху“ и дека Трамп врши притисок врз Израел „да дозволи влез на хуманитарна помош во Газа“, истакнувајќи дека оваа ситуација „ја принудила администрацијата на Нетанјаху на договор за размена на затвореници“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Царинска управа: Запленети 30 илјади евра и 55 штеки цигари скриени во цистерни

Следно

Помладиот брат на Белингем ќе премине во Борусија за 30 милиони евра

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop