Децата и младите креираа кампања против омразата на интернет

June 2, 2025
1 min read

Во текот на изминатиот викенд, повеќе од 30 деца и млади од целата земја се собраа во Скопје на дводневен медијатон – интензивен настан што го водеа самите млади за дизајнирање национална кампања против онлајн насилството  и говорот на омраза на интернет.

Овој настан го организираа УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија како дел од долгорочното партнерство за децата и младите да се здобијат со знаење, алатки, содржини и лидерски вештини за справување со дигиталното насилство во нивните заедници.

Претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер, им се обрати на учесниците: „Вие – нашите млади застапници и креатори – сте срцето на ова движење. Вие го разбирате онлајн просторот подобро од кој било друг. Токму затоа не сте само учесници во оваа иницијатива, туку сте нејзини лидери“.

Таа додаде дека ставањето крај на онлајн насилството не е еднократен проект – тоа е растечко движење водено од деца и млади решени да ги направат дигиталните простори побезбедни, поинклузивни и похумани за сите.

Леа Липша, директорка на Фондацијата Телеком за Македонија ги охрабри учесниците креативно да ги користат дигиталните алатки и заедно да се спротивстават на омразата на интернет. „Верувам дека на оваа работилница освен што ќе научите да направите добар reel, лого, или слоган, ќе научите и дека најважно е да се поддржувате, да создавате креативни и позитивни онлајн заедници. Вие сте генерација што има можност да направи вистинска разлика во дигиталниот свет. А ние сме тука да ви дадеме алатки и поттик“ – рече Леа Липша.

Во текот на Медијатонот, преку тимска работа, учесниците заедно со креативни професионалци, психолози и дигитални ментори истражуваа што значи да се преземат активности онлајн: како да се пријави насилство, како да се блокира омразата, како да се поддржат врсниците и како да го заштитат својот дигитален идентитет. Работилниците беа фокусирани на осмислување материјали за кампањата и јасни повици за акција, за да се промовира култура на почит во онлајн просторот и за да им се помогне на децата и младите да се здобијат со знаење како да се спротивстават на омразата.

Кампањата ќе започне во текот на следните недели со материјали подготвени за време на медијатонот и ќе содржи видеа, водичи и содржина за социјалните мрежи. Децата и младите кои учествуваа на работилницата ќе продолжат да работат во следните две години како застапници во нивните заедници заедно со Сојузот на извидници на Македонија, кој ќе организира младински каравани и интерактивни настани во 20 општини, инспирирајќи ги другите да се приклучат на движењето.

Иницијативата е дел од двегодишното партнерство помеѓу УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија чија цел е да се создаде движење преку кое децата и младите ќе се борат за интернет без врсничко насилство и говор на омраза.

ПР Објава

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Автобус се запалил при превоз на шестооделенци во Србија – нема повредени деца

Следно

Јахоски со времен пасош на Босфор – ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од судиите

Latest from Blog

Андоновска: Граѓаните низ цела Македонија со голема излезност во вториот круг, изборите фер и демократски

Граѓаните низ цела Македонија, во општините каде што има втор круг во голем број излегуваат на гласање, рече Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ. „Досегашниот тек на изборниот ден, во рамките на вториот круг

Пред српското Собрание почна штрајк со глад мајка на дете загинато во падот на бетонската настрешница во Нови Сад

Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, еден од жртвите изјави дека „останува во штрајк со глад и нејзините бањара се јасни“ „Сите одговорни за падот на бетонската настрешница мора да бидат гонети

Келн добитен против Хамбургер

Тимот на Келн во првиот од двата денешни дуели во Бундес лигата на домашен терен успеа да слави против Хабургер со убедливи 4:1. Во дуел во кој дојде до двојно водство по

Во Струга до 15 часот излезноста е 27,5% во вториот круг

До 15:00 часот излезноста во Струга и струшкиот регион изнесува 27,5%, соопшти претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута. Гласањето се одвива без поголеми забелешки, со редовен тек на избирачките места. Изборниот
Go toTop