Автобус се запалил при превоз на шестооделенци во Србија – нема повредени деца

June 2, 2025
1 min read

Автобус полн со ученици од основно училиште, денеска се запалил кај местото Криви Вир во близина на Боњевац во Србија. Снимките покажуваат дека автобусот целосно изгорел. Автобусот на транспортната компанија МБМ од Дољевац, превезувал ученици од шесто одделение од основното училиште „Никодије Стојановиќ Татко“.

Тие тргнале на дводневна екскурзија во источна Србија, организирана од туристичката агенција „Хало травел“ со седиште во Ниш.

– Автобусот ги имаше сите технички документи за негова исправност, претходно го прегледа и полицијата на Прокупје. На учениците ќе им биде надокнадена целата штета за немилата случка. Тие во моментов се сметени во Хотел и ќе бидат вратени со автобус на агеницајата дома. – „Хало травел“.

Детали за одговорност и причините засега од училиштето во кое учат децата не се соопштуваат.

– Децата се добро и за среќа навреме го напуштиле  автобусот. Училиште „Никодије Стојановиќ Татко“.

Автобус се запалил  во 10:50 часот сите ученици успеале да го напуштат благодарение на брзата реакција на возачот и наставникот. Според изјавите на родителите децата се жалеле на гадење, но дека сите излегле од автобусот.

Директорот на училиштето, Љубомир Вукиќевиќ за српските медими само кратко изјавил дека сега е само важно децата што се добро и што не се повредени.  Истрагата за причините за пожарот е во тек. Властите најавија вонредна контрола на техничката исправност на возилата што се користат за организиран ученички превоз.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Посакувам Истанбул да го направиме ‘Центар на мирот’

Следно

Децата и младите креираа кампања против омразата на интернет

Latest from Blog

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е
Go toTop