Ердоган: Посакувам Истанбул да го направиме ‘Центар на мирот’

June 2, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека сака лидерите на Русија и Украина да ги доведе во Турција, дури и Трамп да им се приклучи, и на тој начин Истанбул да го направат центар на мирот, известува Анадолу.

Претседателот на Турција Ердоган им се обрати на новинарите по состанокот на кабинетот што се одржа во претседателскиот комплекс.

Зборувајќи за мировниот процес за војната меѓу Русија и Украина, претседател Ердоган истакна:

„Мојата најголема желба е да ги доведам и Путин и Зеленски во Истанбул или Анкара. Дури и Трамп покрај нив“ и додаде дека посакува и тој да учествува на состанокот меѓу Русија и Украина и на тој начин Истанбул да го направат центар на мирот.

Осврнувајќи се на ситуацијата во Сирија, претседателот Ердоган рече: „Додека Сирија постигнува стабилност и мир, веруваме дека сите нејзини соседи и сите земји во регионот ќе имаат корист од тоа.“

Притоа турскиот претседател го истакна задоволството од одлуката на европските земји да ги укинат санкциите врз Сирија по значајните изјави на Трамп.

Во своето обраќање претседателот Ердоган истакна:

„Турција има моќ да ги реши сите свои проблеми, особено проблемот со тероризмот. Нашиот процес на Турција без терор ќе биде репер и заштитник на тоа.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Криволак воена вежба „брз одговор 2025“ – НATO и армијата подготвени за предизвиците во Eвропа

Следно

Автобус се запалил при превоз на шестооделенци во Србија – нема повредени деца

Latest from Blog

Селекторот на Парагвај: Моите рани се отворени – крварам

Фудбалската репрезентација на Парагвај се збогува со Светското првенство откако тесно загуби од Франција со 1:0 во осминафиналето во саботата. Моментот на одлука се случи откако Килијан Мбапе го реализираше пеналот досуден

Берлин ѝ оддава почит на САД; Бранденбуршката порта осветлена во боите на американското знаме

Светлосната проекција започна на зајдисонце и траеше до полноќ. „Како симбол на единство и слобода, Бранденбуршката порта силно ги одразува нашите заеднички вредности на 4 јули“, истакна градоначалникот на Берлин, Каи Вегнер,

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за
Go toTop